Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата МаркетиnгРегистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Ако сакаш да започнеш кариера како дигитален маркетер биди сигурен дека нема подобар тајминг од сега.

Преку паметни концепти, storytelling, анализа на податоци, e-mail кампањи, платени search реклами, комуникација на социјалните медиуми и нормално, разбирање на однесувањето и потребите на клиентите, лесно ќе се издвоиш.  Ако ги имаш овие вештини, прашањето е како да дојдеш до работа како дигитален маректер, и да започнеш кариера од соништата.

1.Размислувај на себе како на бренд

Ако не знаеш да ги продадеш твоите вештини, зошто потенцијалниот работодавец би ти верувал дека ќе знаеш го продадеш неговиот производ?

Пред да аплицираш за работа направи концепт и идентификувај ги вештините кои ги поседуваш а се клучни за компанијата. Докажи му на потенцијалниот работодавец дека можеш да придонесеш за компанијата.

2. Биди информиран и секогаш во тек

Мора постојано да бидеш во тек со новостите во индустријата. Треба да знаеш дека ако SnapChat не преземе нешто, ќе мора да се збогуваме до него. Зошто потегот на Instagram да ги копира SnapChat е еден од најдобрите бизнис потези во поновата историја (ова во некој нареден текст)? Треба да знаеш зошто Tesla Motors во април 2016 направија pre-sell кампања, сосема неочекувано за компанија која произведува автомобили. Следи ги инфлуенсерите, маркетинг и tech порталите. Би ти кажал да читаш и книги ама и јас во последнава година прочитав само 3-4. Постојано надградувај го знаењето бидејќи се што е digital се менува со брзината на светлината.

Еве неколку ресурси за тебе кои мора да ги истражиш пред да влезеш во индустријата:

Rockstar маркетери:
Gary Vaynerchuk, Rand Fishkin, Noah Kagan, Tim Ferriss, Neil Patel, Seth Godin

Веб страни: ProductHunt, Hubspot’s Blog, https://growthhackers.com/, https://hbr.org/

3.Направи сопствен блог

Мораш да изградиш онлајн присуство. Ако сакаш да му покажеш на твојот иден работодавец дека можеш да изградиш онлајн визибилност за компанијата, покажи дека тоа веќе си го направил за себе.
Најдоброто? Не мораш да го молиш твојот другар програмер да ти изработи веб страна за да направиш сопствен блог. Едноставно користи medium.com или текстовите објавувај ги на Linkedin Publishing. Направи соработка со некој македонски портал и почни да пишуваш текстови поврзани со маркетинг, или уште подобро, теми поврзани со компанијата во која сакаш да се вработиш. Замисли: има отворена работна позиција „специјалист за e-mail маркетинг“. Пред да аплицираш, пишуваш 2-3 текстови на тема e-mail маркетинг. Во едниот текст пишуваш за иновативни идеи за генерирање на нови leads. Во другиот за автоматизација на мејлови и во последниот за разликата помеѓу Mailerlite и MailChimp и зошто е Mailerlite подобар =)

При аплицирање за отворената работна позиција во мејлот линкувај ги твоите нови текстови и побарај мислење од работодавецот. Ако аплицираш за работа во Brainster со ваков мејл, има големи шанси веднаш да го затворам огласот и да започнеш со работа од следниот ден.

4.Изрази ја својата креативност

Покажи ја својата креативост уште при самото аплицирање за работа. Наместо CV и мотивациско писмо (се уште постои нешто што се вика мотивациско писмо – OMG!), направи персонална Landing страна. Ова ќе му покаже на работодавецот дека си креативен, дека размислуваш иновативно, дека знаеш да користиш алатки но и за твојата работна етика.

5.Pitch Yourself

Немој да подготвуваш презетнација за себе која ќе биде иста за сите компании во кои си аплицирал. Подготви презентација специфична за компанијата, за отворената работна позиција, за нивните производи или сервиси и проблемите кои сакаат да ги решат.

Добро разгледај ја нивната маркетинг стратегија, начинот на кој комуницираат на социјалните медиуми, нивниот блог и веб страна. Низ интервјуто дај им совети за подобрување и кои би биле првите подобрувања кои ти би ги направил/а уште на првиот работен ден. Покажи им дека не само што ќе го одговориш на задачите на работното место туку и дека ќе придонесеш на долг рок.

6.Side Projects

Првата работа која ја прашувам на интервју е: што правеше освен што учеше за време на студиите? И не ме интересира колкав просек имаш и дека си ученик на генерација. Повеќе ценам ако ми раскажеш за проектите кои си ги водел или самостојно си ги направил.
Секој дигитален маркетер треба да има сопствени проекти. Мора да ги тестира теориите (контент маркетинг, SEO, PPC) и да преземе одговорност за успехот или неуспехот на проектот.

7.Научи ја терминологијата

Дигиталните маркетери мораат да ги знаат акронимите како SEO, SEM, Leads, Growth Hacking, PPC, ROI итн. За многу од нив нема соодветен превод на македонски и нема потреба да се обидуваш. За да можеш да се разбереш со идните колеги, мора да го зборуваш нивниот јазик.

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Како до 1.000.000€? 🤫