Победничкиот пар од вториот Хакатон на Академијата за Software Testing

Со цел да го доближиме искуството на студентите до реалното искуство во работна средина, го организиравме и вториот Хакатон на Академијата за Software Testing. Овој месец нашите студенти – софтвер тестери имаа можност да бидат дел од едно интересно искуство кое беше од огромно значење за подобрување на нивните вештини и им покажа како е да работат тимски, под притисок, натпреварувајќи се помеѓу себе.
На овој Хакатон учествуваа вкупно 14 учесници кои беа поделени во 7 пара. Паровите беа мешовито составени од две различни групи на Академијата за Software Testing. Процесот на тестирање беше на ист принцип како и на Првиот хакатон на оваа Академија. Започна со брифинг сесија, па следуваа менторски сесии, за на крајот да се дојде до финалните презентации.
Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е CV Checklist – веб решение преку коешто корисникот може да креира свое CV.
Студентите од Академијата за програмирање ги имаа изработено функционалностите на CV Checklistot, согласно барањата на соодветната Академија и ги доставија проектите до студентите од Академијата за Software Testing, подготвени за тестирање.
Задачата на идните софтвер тестери беше да ги истестираат функционалностите на CV билдерот.
За време на брифингот, студентите беа запознаени со спецификациите на проектите и им беше објаснета задачата којашто требаше да ја завршат во рок од 48 часа. Исто така, тие ја добија агендата според која требаше да работат целиот викенд, беа поделени во тимови и меѓусебно си ги распределијa задачите и одговорностите.
На сите парови им стоеше на располагање ментор, кој несебично го делеше своето знаење и нудеше совети, консултации за секоја дилема и поддршка при секој предизвик кој ќе произлезеше од работењето.
Огромна благодарност до менторката Душица Митровска која им помогна на студентите да стигнат до финалното решение!
Со цел да ги мотивираме, но и да го разбудиме во нив компетитивниот дух за најдобриот пар студенти обезбедивме награда – карти за учество на реномираната регионална конференција за софтвер тестери SEETEST 2021.
Хакатонот заврши по 48 часовната работа, каде студентите имаа задача да ги презентираат своите решенија пред претходно формирана комисија која имаше за цел да го одбере најдобриот пар студенти.
Изборот за најдобар пар се покажа како најтешкиот дел на овој Хакатон. Сите студенти одлично се покажаа, работеа со полна пареа и понудија одлични солуции, но сепак комисијата требаше да го одбере победничкото решение. Ова решение по долга анализа им припадна на Фахрудин Ѓурѓевиќ и Љупче Гоцев.
Во продолжение прочитајте што ни раскажа победничкиот пар за целиот процес на работа и атмосферата на Хакатонот
- Како се одвиваше целиот процес на работа?
Фахрудин: Процесот започна рано наутро во сабота со состанок на Zoom, каде што се вклучивме сите кои бевме пријавени за Хакатонот. Ги добивме спецификациите према кои требаше да работиме, ја добивме агендата за целиот викенд, како и распоредот за паровите. Потоа, веднаш почнавме со работа. Заедно со Љупче си ги поделивме обврските и проектите на кои требаше да работиме. Попладнето пак, секој пар имаше термин за менторска сесија со инструкторите каде што можеше да ги праша за совет и консултација во врска со проектот.
Со Љупче постојано бевме во комуникација и дискутиравме за нашите проекти и се договаравме за финалните презентации. Нивниот почеток беше во недела. Секој пар со својот термин, требаше да ги презентира и претстави своите Bug Report-и, и да докаже дека тој пар ја има најдобрата солуција.
Љупче: Бев воодушевен од организираноста на овој дводневен Хакатон. Во текот на целиот викенд, менторите ни беа на располагање во било кој дел од денот и тоа е навистина за пофалба. Душица како и секогаш беше спремна да го сподели своето знаење и искуство. Имавме по 3 сесии дневно, што беше од особена важност за да го усовршиме крајниот резултат и да дојдеме до вистинското решение.
- Кои беа барањата на клиентот?
Фахрудин: Проектот беше веб страница, која има за цел да ни помогне со креирање на најдобрата верзија на CV, и да ни помогне на најдобар начин да ги уредиме нашите профили на LinkedIn & WeAreLaika. Нашата задача беше да ги почитуваме спецификациите кои ги добивме, да утврдиме дека секоја функционалност работи така како што треба. Во случај на некој недостаток, односно Bug, наша работа, како што и би била во реалноста, е да го забележиме тоа и потоа да го пријавиме во Bug Report-от.
Љупче: Нашата задача беше да ги најдеме Bug-овите и да направиме добар Bug Report што ќе ги задоволи барањата на клиентите. Работевме според спецификација која што беше дадена од клиентот.
- Со кои предизвици се соочивте?
Фахрудин: Можам да кажам дека немавме ненадминливи предизвици или проблеми. За прашањата кои ги имавме, ни помогнаа менторските сесии. Интересното беше во тоа што, во моментот кога со Љупче си ги поделивме проектите, ги немавме видено и не знаевме кој проект колку е квалитетно изработен. Проектот кој требаше да го тестира Љупче, немаше толку многу недостатоци. За разлика пак од проектот кој ми се падна на мене, имаше многу повеќе Bug-ови.
Љупче: Од голема важност за нас студентите беше тоа што бевме во мешани тимови и што имаше студенти од различни групи, со цел да искусиме реална работна средина и тимска работа.
- Што сѐ беше потребно за вашата финална презентација да биде победничко решение?
Фахрудин: Во суштина требаше да размислуваме како вистински тестери, односно да постапуваме соодветно спецификацијата која ја имавме добиено, да подготвиме тест план, да тестираме, за на крај да подготвиме финален Bug Report. Сѐ требапе да биде јасно и правилно изработено, и на најдобар начин да ги опише недостатоците коишто беа најдени во тестираниот проект. Техниките кои ги учевме требаше да ги употребиме соодветно на дадениот Bug. Сето тоа пак требаше да го презентираме пред комисијата, што во целина креираше една слика за тоа како секој од нас го сработил својот дел, во рамките на својот тим.
Љупче: Најважното од сѐ беше да се најдат Bug-овите и да се тестираат сите функции. Исто така, да се направи Bug Report и да се внимава презентацијата да биде добра.
- Какво беше вашето искуство од овој хакатон? Што најмногу ви остави впечаток?
Фахрудин: Многу сум среќен затоа што уште пред да ја завршам Академијата за Software Testing, имав прилика да работам на реален проект. Сето ова ми даде појасна слика за работата којашто сакам да ја работам утре и само ми потврди дека не сум згрешил во одлуката да се запишам на оваа Академија. Многу интересно искуство кои би им го препорачал на сите идни студенти!
Љупче: Учеството на Хакатонот ми беше највозбудливиот дел од Академијата. Со Хакатонот се соочивме најблиску до реалната како тимска, така и работна атмосфера. Имавме можност да работиме на решавање на вистински и реални проблеми. Хакатонот е продукт на целокупниот труд и совладување на материјалот.
На Академијaта за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Дознајте повеќе како да започнете кариера во оваа професија, преку темелната програма на нашата Академијата за Software Testing.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки!