Од наставник по англиски до Junior QA Engineer. Ова е приказната на Иванка Велковска.
Иванка е алумни студент на Академијата за Software Testing. Со остварувањето на нејзината кариерна транзиција од полето на просветителство, Иванка се пренасочила на нешто сосема поинакво, a како што вели таа овие две области се поврзуваат.
Во моментов работи во компанијата MCA, како Junior QA Engineer. Како Иванка се одлучи за ваква кариерна транзиција и како оваа академија и помогна во нејзината кариера, продолжи да читаш и дознај.

Која е твојата позиција во компанијата MCA? Кои се обврските на еден QA Engineer?
Мојата позиција е Junior QA Engineer. Обврските на QA Engineer опфаќаат подготвување и пишување test cases, тестирање, идентификување и пријавување багови како и постојана комуникација со тимот.
Покрај тоа што ти си QA Engineer, ти си и наставник по англиски јазик. Како се одлучи за ваква кариерна транзиција?
Одлуката за кариерна транзиција произлезе од мојата желба за нови предизвици и љубов кон технологијата. Тестирањето на софтвер бара аналитички пристап, решавање проблеми и јасно документирање, што директно се поврзува со моето искуство како наставник. Сакав да направам промена и да се вклучам во динамична индустрија што постојано се развива, каде што можам да ги применам овие вештини.
Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на Академијата за Software Testing!
Како академијата за Software Testing ти помогна во твојата кариера?
Академијата за Software Testing ми помогна да ги стекнам неопходните знаења и вештини за успешно да ја започнам кариерата како QA инженер. Преку практичните вежби и проекти научив да пишувам test cases, да идентификувам и пријавувам багови, и да користам алатки како Selenium, TestNG, Postman и JMeter. Покрај техничките вештини, академијата ме подготви и за тимска работа и ефективна комуникација. Сето тоа ми даде сигурност и практично искуство кое го користам во мојата нова кариера.

Како би ги советувала сите кои сакаат да направат кариерна транзиција и да започнат кариера на полето на Software Testing?
Сите кои размислуваат за кариерна транзиција би ги советувала да започнат со истражување. Академијата ми овозможи солидна основа со практично искуство во различни алатки и техники, па затоа препорачувам да се запишете на академија како Brainster која ќе ви посвети време и внимание за да се стекнете со неопходните вештини .
Што е она што те мотивираше за време на изучувањето на академијата?
Главната мотивација за време на академијата беше мојата желба за професионален развој. Можноста да работам на реални проекти и да ги применувам стекнатите вештини во пракса ми даваше чувство на постигнување и увереност дека сум на вистинскиот пат.
Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).