Марија Димовска е алумни од нашата Академија за Software Testing која се реши да направи целосна кариерна трансформација и започна да работи на практикантска позиција како софтвер тестер. Нејзиното ново работно место е TestDevLab, каде Марија ќе продолжи со голем ентузијазам и упорност да ги надградува своите вештини и способности стекнати од оваа Академија.
Во продолжение си поразговаравме со Марија за нејзиното искуство како студент и почетоците на нејзината кариера
Здраво Марија! Пред сѐ честитки за успешно завршената Академија и за почетокот на твојата кариера како софтвер тестер – практикант. За почеток, што би ни споделила за себе?
Здраво, ви благодарам на честитките. Благодарност секако и до сите ментори од кои учев и за нивната посветеност. За себе можам да кажам дека имам навистина голема желба за учење, сакам промени и предизвик. Пред да се запишам на Академијата за Software Testing на Brainster, работев во сосема друга област – јазиците. Потоа магистрирав на Економскиот институт насока – менаџмент, но сето тоа од некои причини не ме однесе во вистинската насока. Од 2018 година почнав да истражувам сосема ненамерно за веб дизајн и направив наједноставна веб страна со HTML, CSS малку Javascript. Па. оттука започна сѐ.
Зошто се одлучи баш за Software Testing, од каде со роди желбата?
Имав една замисла дека сакам да работам во некој тим кој исклучиво ќе се занимава со развој на квалитет на продукт – во овој случај тоа е софтверски продукт. Одамна надминат мит во ИТ индустријата е дека оној кој не знае да пишува код, тој не може ни да работи како софтвер тестер! Знаете, за да влезете во ИТ убаво е да имате ИТ позадина, да многу помага, ама вака патот е „потрнлив“, но и повозбудлив и не е невозможен. Посетував претходно отворени денови за курсеви на Brainster, секако и доста информации следев и од други извори, доста изгледани туторијали во еден збор. Она што е многу интересно е дека како тестер сте инволвирани во целокупниот развој на SDLC, го следите развојот под „будно око“ – значи се бара од вас да сте запознаени со целосната функционалност на апликацијата.
Ти си уште една од луѓето кои потврдуваат дека со упорност и посветеност може да се постигне сè во животот. Како си помина на Академија за Software Testing? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на технологиите? Кои се најдобрите практики за учење?
На Академијата за Software Testing ќе се сеќавам како на едно убаво и продуктивно поминато време и тоа во време на пандемија. Морам да ги спомнам менторите кои со право си го заслужуваат својот назив на професионалци, на групното решавање на тасковите, разменувањето на идеи, тимското работење каде се учи и за агилни технологии. Бев дел од многу продуктивна група – сите бевме многу мотивирани и посветени. Предизвици имаше, ама тоа е добро, се учат нови техники, технологии, алатки, frameworks за да се стекнат вештините за тестирање. Па, од искуството што го имав, најдобра практика за учење е тимската работа, важна е и способноста за аналитичко размислување (во група полесно се размислува), редовно извршување на задачите, посветеност и широк истражувачки ум за изнаоѓање решенија на зададен проблем.
Веднаш по завршувањето на Академија за Software Testing започна да работиш на практикантска позиција во TestDevLab. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука?
Имав 2 влезни интервјуа во TestDevLab – треба да покажеш дека нешто си научил, основите што ти ги дава оваа Aкадемија се почетен влез, откако ќе навлезете, потоа имате уште доста за одење и се разбира, не се случува сѐ одеднаш. Треба да покажете барем осново познавање и да покажете дека знаете критички и аналитички да размислувате, и секако бидете креативни. Мислам тоа кај мене помина кога имав интервју и ми дадоа шанса. Треба да го имате оној познат став во тестирањето “test to brake”.
Што би можела да ни кажеш за оваа компанија, која е нејзината област на работа?
TestDevLab се специјализирани особено во областа на Software QA, но има и девелопмент дел во компанијата. Најважниот слоган е дека „Квалитет е на прво место“ – тоа е работното мото во компанијата. Одлично организирани тимови на работа каде имате големи шанси да научите многу за тестирањето и да ги примените најновите технологии.
Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?
Работам моментално на тестирање на комуникациски апликации на различни оперативни системи и уреди и сум дел на тимот кој работи на тој проект. Има многу проекти и можност за учење и раст во оваа компанија. Ме примија како практикант и секако мојата работа ја надгледува ментор во чиј тим сум вклучена. Секој работен ден имаш таскови и треба да ги извршиш. Мојот пат само што почна, допрва ме чека работа.
Работата на реалните проекти значи директно преточување на теоретски знаења. Со искуството добиено преку работа на овие проекти, колку се чувствуваш спремна да одговориш на новите предизвици коишто ги носи твојата позиција во TestDevLab?
Предизвиците се многу големи – оваа компанија е гигант во однос на моето искуство што го имам стекнато досега. Но, секогаш има простор за учење и развивање во вакви компании. Едни од главните момци кои ја основале оваа компанија, се всушност момците кои имаат работено во Skype како lead engineers за тестирање на софтвер за мобилни уреди и се разбира кои работеле на многубројни QA проекти. Тоа се ликовите – Andrejs Frisfelds и Ervins Grinfelds.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
Многу предизвикувачко прашање. 🙂 Најмногу би сакала да постигнам многу повеќе од нивото на кое стојам сега, т.е. да се искачам нивоа нагоре во процесите, технологиите, алатките кои се користат при софтверско тестирање. Да научам колку што може повеќе за видовите тестирање, да ги усовршам мануелното и автоматското тестирање до ниво да може да се владее со процесот на тестирање на професионално ниво. Се гледам и како сертифициран ISTQB software QA tester. Не размислувам толку за позицијата – би требало тоа да се случи спонтано со работата.
За крај – Што е она што тебе те убеди да се запишеш на Академијата и да промениш кариера? Можеби токму тоа ќе ги мотивира и оние кои допрва размислуваат за кариера како софтвер тестери да преземат ваков чекор.
Мора да сакате предизвици и да сакате промени и динамика во начинот на кој размислувате. Сепак, најдобро би завршила со една добропозната мисла од Чарлс Буковски која гласи: “I am a series of small victories and large defeats and I am as amazed as any other that I have gotten from there to here.“
Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа