Карактерните особини играат голема улога за успешна кариера како софтвер тестер

Во последните неколку години, Software Testing прерасна во многу популарна професија. Голем број на луѓе се привлечени од ова и размислуваат кон кариерна промена. Секој индивидуално поседува различни квалитети, кои играат голема улога во самата професија Software Testing.

Катерина Крстовска е дипломиран електроинженер, со повеќегодишно искуство како Quality Assurance инженер и една од главните виновници за успехот на студентите на Академијата за Software Testing. Секогаш знае да ги препознае квалитетите на студентите и да го извлече најдоброто од нив во секоја ситуација. Позитивна и иновативна личност, која на најинтересни начини на студентите им ги презентира сите предизвици и им го споделува своето искуство од професијата. Во слободно време сака да патува и да истражува нови области од QA кои се во тренд.

 

Прочитајте повеќе што ни раскажа Катерина за нејзиниот избор да стане софтвер тестер

 

Здраво Катерина, ние на Академијата за Software Testing те познаваме, но што би кажала за останатите? Која е Катерина? 🙂

Личност која отсекогаш си поставувала предизвици и не застанува сè додека не ги оствари. Ужива во патувања, сака кучиња и читање книги. Од самиот старт е вклучена во Академијата, каде што им го споделува знањето и искуството на студентите, заедно со некои новитети или интересни факти од професијата. 

 

Како одлучи дека софтвер тестингот е вистинскиот избор за тебе?

Бев свесна за дигиталната трансформација којашто е во голем подем и отсекогаш ме интересирале технологии и новитети. Како личност сакам да бидам слободна во искажување на идеи и мислења, да бидам креативна и знам да се организирам со време и активности. Сето ова е нешто што можам да го користам во мојата професија и да постигнам одлични резултати, што дополнително ме привлекува кај неа. 

 

На 10ти август ни следи престојниот вебинар на тема „Tips and Tricks за идни софтвер тестери“. Што да очекуваме? 

Вебинарот сам по себе би бил како една проверка за идните студенти дали се пронаоѓаат во оваа професија. Ќе добијат информации за тоа што значи да се биде софтвер тестер, кои се одговорностите, на кои работи треба да внимаваат и како да се подобруваат во кариерата. Секогаш имало интересни прашања од студентите пред и за време на Академијата, кои ќе ги покриеме тука.

Се надевам дека самиот вебинар ќе го разбуди тестерскиот дух во нив и ќе биде одлучувачкиот момент за да се запишат на нашата Академија. Очекувајте позитивна атмосфера од некој кој си ја сака професијата и со голем ентузијазам зборува за неа.

 

Дали сметаш дека одредени особини играат голема улога за успешна кариера како софтвер тестер? Зошто?

Сите ние се разликуваме по карактер, но има некои работи кои ни се клучни за да определиме дали нешто би ни одговарало или не. Kога се работи за професија во која треба да се вложиме за да успееме, овие особини се многу важно. Како едни од поважните би ги издвоила следниве: дали сакаме сè да ни биде „под конец“, дали сме креативни и иновативни како личности, дали на работите им пристапуваме со доза сомнеж и љубопитност и соодветно ги анализираме и секако дали сме комуникативни и тимски играчи. Овие работи играат голема улога во самата професија и соодветно се усовршуваат со тек на време, а нивната комбинација значи успешен профил на еден софтвер тестер.

 

И за крај, ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата за Software Testing, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот? 

Нешто што секогаш им го велам на студентите: „Учењето на Академијата се одвива во две насоки, ние како инструктори им го предаваме нашето знаење на студентите, но за да биде успешно совладано, треба да се вложат и тие, да повторат, да истражуваат, како за време на Академијата, така и во текот на целата кариера… Само така ќе бидеме сигурни дека успехот е загарантиран. 

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Дополнително, можеш и да се регистрираш за претстојниот Software Testing вебинар насловен „Tips and Tricks за идни софтвер тестери“