Учење, работа и тимски дух – главни елементи за постигнување на резултати

Ѓоко Меноски е алумни од Академијата за Software Testing кој веднаш по неговото завршување започна да работи на практикантска позиција како Software Tester во Fueloyal, за неколку месеци подоцна неговата упорност и желба за учење да биде наградена со договор за работа.

Ѓоко важи за љубопитна личност, ориентирана кон деталите. Тој е трудољубив и упорен и секогаш посветен кон квалитетот на работата. Неговата цел е: испорака на квалитетни продукти и задоволни клиенти.

 

Си поразговаравме со Ѓоко за неговиот кариерен пат

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Software Testing започна на практикантска позиција во Fueloyal, а неколку месеци потоа твојот труд е награден со договор за работа. Што се беше потребно за да стигнеш до тука?

Патот воопшто не беше лесен, потребно беше многу учење, како надградба на теоретското знаење, така и негова примена во реален проект. Постојаната комуникација со колегите е уште еден важен фактор кој даде свој придонес во добивањето на договорот за работа. Учењето, работата и тимскиот дух се работите на кои најмногу бев континуирано посветен за време на праксата и сметам дека тие се главните елементи за постигување на резултат.

 

Што можеш да ни кажеш за опсегот на работа на оваа компанија?

Опсегот на работа на Fueloyal воглавно е Internet of Things (IoT) технологија. Обезбедува сопствена платформа за поврзување на возила која е интегрирана со софтвер за анализа на податоците.

 

Како изгледа еден работен ден на еден софтвер тестер?

Мојот работен ден секогаш започнува со шоља топло кафе 🙂 Веднаш потоа следува утринскиот состанок на целиот тим каде на кратко се прави план за активностите за тој ден. Тогаш добивам иформација кои функционалности од софтверот треба да ги тестирам и следниот чекор е барање на bugs.

Во текот на денот за извршеното тестирање треба да се направат соодветни описи за сите пронајдени пропусти (bugs) како и пишување на чекори за репродукција на истите, за да може програмерскиот тим полесно да ги поправи. Во алатката која ја користиме за менаџирање на tasks, ги внесувам сите работи кои произлегле за време на тестирањето и некаде пред крајот на денот, имаме уште еден краток состанок каде се прави краток преглед на реализираните активности.

 

Кои се твоите главни задачи и задолженија, сега кога веќе не си практикант?

Full-time работата носи поголеми и посериозни задачи, бара поголем ангажман и секако со тоа доаѓа и поголема одговорност. Моменталните задачи дефинитивно се подлабоки во својата суштина и навлегуваат целосно во тестирање на бизнис логиката на апликациите со предвидување на сите можни сценарија кои би можеле да се случат. Задолженијата често се врзани и со временска рамка во која треба да се реализираат, и на таа рамка се гледа доста посериозно отколку за време на праксата. Сите овие аспекти даваат сосема друга димензија на работните активности.

 

Омилена книга?

Да бидам искрен, не сум некој страствен љубител на книги, но сепак читам доста, особено ако за некоја книга имам добиено препорака. Како моја омилена книга која во моментов можам да ја издвојам е „Хари Потер и редот на фениксот“ која иако ја имам прочитано пред повеќе години, тогаш ми остави добар впечаток бидејќи ми беше многу подобра во споредба со филмот.

 

И за крај, твоето мото што го следиш низ животот?

Ако го работите она што го сакате, никогаш нема да работите ден во животот.

 

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Уписите се во тек, резервирај го своето место на време!

 

Trending Stories That Might Interest You