Стефан Кузмановски – Dream Team студент на Академијата за Software Testing

Запознајте го Стефан Кузмановски – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец јануари 2022.
Име и презиме: Стефан Кузмановски
Академија: Академија за Software Testing
Зошто баш Software Testing: Искрено, Software Testing како кариера не знаев дека постои до пред една година. Мислев е задача на самите девелопери што го креираат софтверот. Отсекогаш ми било интересно да пронаоѓам багови и начини како да расипам некој софтвер или некоја игра, и кога дознав дека има таква кариера едноставно морав да се запишам на оваа Академија.
Што те мотивира постојано да учиш: Самиот интерес за професијата.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Има многу работи кои се интересни и е тешко да издвојам една, ама Exploratory Testing е дефинитивно една од најинтересните работи со кои се имам запознаено на оваа Академија. Ова би кажал дека ми е најинтересното нешто што го научив затоа што има нешто посебно во оваа техника на тестирање, а тоа е самото истражување на некој софтвер.
Омилен модул и зошто: Би кажал дека ми се: Manual Testing и Defect Reporting бидејќи преку нив се запознав со основата на тестирањето и мислам дека тие модули се најважни за професијата, затоа што сѐ почнува оттаму.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори ми оставија позитивен впечаток бидејќи сите знаат да го пренесат своето знаење на уникатен и разбирлив начин со цел полесно да допрат до студентите. Но, би сакал да го издвојам асистентот Владимир Константиновски кој цело време е достапен за студентите и максимално е посветен за постигнување на нивниот успех.
За 5 години сакам да бидам: Би сакал да работам на некој интересен софтвер или игра, како и да бидам успешен во мојата струка.
Хоби: Гледање серии, играње на компјутерски и друштвени игри.
Омилена книга: Stephen King – Rita Hayworth и Shawshank Redemption.
Омилен цитат: „We all got our choices to make.“
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!