Студентите од Академијата за Project and Product Management работеа на реален проект во соработка со клиентот DataHub.mk . Тим 3 се одвои од останатите тимови по своето решение поради што беше прогласено за победничко. Тие имаа задача да креираат Project Management Plan.
Наум Китановски, Јован Стојановски, Софија Станческа, Клаудија Николовски, Марина Блажевски и Ивана Гиразовска ги покажаа своите вештини и подетално ни раскажаа какво беше ова искуство за нив да работат на реален проект. Покрај нивните изјави, своето задоволство од работата на овој проект го искажа и Александар Бошевски, сопственикот на компанијата DataHub.mk.
Какви беа вашите очекувања од студентите за реалниот проект?
Моите очекувања од студентите на Project and Product Management академијата беа да применат вештини како планирање, управување со ресурси, и ефективно следење на времето и задачите. За DataHub.mk, нашата визија е да изградиме платформа за споредба на цени која ќе опфати 50 продавници во текот на првата година и повеќе од 250 продавници на долг рок, и да ја достигнеме целта од 100,000 активни корисници. Очекував студентите да работат на остварување на оваа визија, со примена на методологии како Agile и Scrum за управување со проектите, како и да покажат флексибилност, иновативност и способност за брзо адаптирање на предизвиците кои ги носи проектот. Сакав да видам како нивните вештини за менаџирање на времето, ресурсите и тимската соработка ќе ги доведат до практични и применливи решенија кои ќе имаат директна вредност за DataHub.mk.
Како сте задоволни со решенијата кои ги креираа студентите?
Решенијата кои ги понудија студентите беа навистина импресивни. Тие не само што ги применија концептите на проектен и продукт менаџмент, туку и се докажаа како креативни лидери кои можат да менаџираат сложени проекти и да достават квалитетни решенија. Од нивната работа, можевме да видиме како може да се менаџира еден сложен проект како DataHub.mk, кој има амбициозна цел да ги интегрира сите водечки продавници во Македонија и да обезбеди едноставен начин за корисниците да ги споредат производите. Со таков тим, сигурен сум дека овој проект ќе има огромен успех. Нивната способност да ги усогласат деловните цели со стратегиите за управување со проектите, при тоа следејќи ги Agile принципите, ми даде доверба дека овој тип на проект може да биде еден од главните двигатели за успех во бизнисот. Бидете меѓу првите кои ќе дознаат кога ќе ја лансираме нашата платформа и да добивате новости за најдобрите цени во Македонија, претплатете се на нашата веб-страница DataHub.mk – сподели Александар Бошевски, сопственикот на DataHub.mk.
Продолжи да читаш и дознај какво беше искуството на студентите од работата на овој проект.
Како се чувствува еден студент кој пред себе има задача да изработи цела проектна спецификација?
Чувството на одговорност беше присутно цело време, бидејќи создавањето на целосна проектна спецификација која ќе ги задоволи сите критериуми и ќе ги исполни очекувањата на клиентот е навистина голема задача. На почетокот, преовладуваше доза на несигурност и притисок меѓу сите нас, знаејќи дека секој дел од спецификацијата треба да биде внимателно осмислен и прецизен. Сепак, имавме многу добра и јасна динамика во тимот, што значително придонесе за одлична солидарност во тимот. Чувството на задоволство на крајот беше огромно — не само поради успешно изработената спецификација, туку и затоа што целото искуство ме научи како да го претворам притисокот во мотивација и како да соработувам со тим за да постигнеме заеднички успех. – Софија Станческа.

Која цел и какви барања имавте за задача да исполните? Дали на почеток ви изгледаа предизвикувачки?
Нашата цел пред сѐ, беше создавање на еден успешен проект кој ќе се издвои меѓу конкурентите и ќе донесе победничко решение со многу lessons learned. Затоа добро се координиравме со тимот и се придржувавме на нашиот организационен план и што го покажа клучот на успехот – победници на еден успешен проект. Ни беа поставени повеќе барања од страна на клиентите, за кои верувам дека поединчено многу потешко би одговориле на истите.Постојано слушаме и велиме дека секој почеток е тежок. Нашиот почеток ни изгледаше доста предизвикувачки, морам да признаам и малку застрашувачки затоа што прв пат се наоѓаме во улога на проект менаџери на реален проект. Но, доследноста, прецизноста и вложениот труд ни дадоа значителни резултати кои не издвоија како победници – Клаудија Николовски.
Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти!Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 еврана Академијата за Project and Product Management!
Како поддршката од менторот ви помогна во процесот на изработка на овој проект?
Поддршката од менторот беше од непроценливо значење во текот на целиот процес. Неговите совети помогнаа да се осмисли целосната структура на проектот и да се избегнат потенцијални проблеми од самиот почеток. Кога се појавија предизвици, менторот ни понуди практични решенија и стратегии. Освен технички совети, менторот ни помогна и во менаџирање на времето и приоритизирање на задачите. Тој не само што го споделуваше своето знаење, туку и нѐ инспирираше да размислуваме креативно и критички. Неговата поддршка ни даде самодоверба да ги надминеме сите пречки и да го завршиме проектот успешно – Ивана Гиразовска.
Кој дел ти беше најпредизвикувачки, вистински head scratcher, и што направи за да го надминеш?
Најпредизвикувачкиот момент за мене беше дефинирањето на сите технички барања и функционалности на проектот, особено затоа што мораше да бидат во согласност со очекувањата на клиентот, а истовремено да ги задоволат потребите на корисниците. Овој дел од проектот бараше длабоко истражување и анализа за да се увериме дека решението кое го нудиме е целосно применливо и одржливо. Имаше моменти кога се чувствував како да не можам да го поврзам техничкото знаење со реалните потреби на проектот, и тоа беше вистински „head scratcher“ за мене. Ни помагаше и нашиот ментор, кој ни даде насоки како да ги разложиме сложените проблеми на помали, полесни задачи – Јован Стојановски.

Како е да се работи во тим?
Еден од најдобрите аспекти на работа на овој проект беше можноста да соработувам со луѓе кои веќе ги познавав. Имавме одлична динамика затоа што сите се чувствувавме удобно едни со други и можевме искрено да ги споделуваме нашите мисли и идеи. Имавме и една ситуација кога бевме заглавени со еден специфичен проблем. Имавме неколку различни идеи и изгледаше како да сме во ќор-сокак. Но, наместо да се фрустрираме, направивме чекор назад и навистина ги сослушавме перспективите на секој од нас. На крајот сфативме дека можеме да комбинираме елементи од различни идеи и да создадеме нешто уште подобро. Тоа беше одличен потсетник за моќта на тимската работа и како различните гледишта можат да доведат до иновативни решенија – Наум Китановски.
За крај, која вештина би ја издвоиле како нешто ново со кое што се стекна?
Од самиот почеток на академијата ми стана јасно дека time management е една од најважните вештини за успех. Почнувајќи од тоа да менаџираш успешно помеѓу приватен, професионален живот и сепак да успееш тесниот распоред со секојдневни обврски да го прилагодиш со време за учење. Додека работата на проектот ја потврди важноста на истата. Кратките deadlines за секој од нас претставуваа предизвик, со кој што успешно се справивме. Благодарение на тимска работа, одлична комуникација, висок степен на соработка, меѓусебна доверба, конзистентност и упорност гоизработивме најдоброто решение за клиентот – Марина Блажевска.