Запознај ја Марија Бојаџиевска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за мај 2024.
Мојата позадина е…
Јас сум дипломиран професор по англиски јазик со голема љубов кон јазикот и книжевноста и шестгодишно прекрасно искуство во подучувањето. Како што напредував во кариерата, така развив интерес и кон преведувањето кој ми донесе широки можности за преведување на книжевни и телевизиски материјали во што уживав максимално.
Областа ја избрав затоа што…
По постојаната комуникација со засегнатите страни (во случајов, учениците и родителите), имав завршен производ на лекции кои им носеа вредност на моите ученици, а тоа е знаење кои тие можат да го применат. Проектниот и продуктниот менаџмент се занимава токму со тоа. Ми дозволува да ги комбинирам љубовта кон подучувањето со љубовта кон процесите и можам да кажам дека ми дојде мошне природно да се запишам на таа академија.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Покрај практичните и техничките работи кои ги научив на академијава, најважната лекција што ја научив е истрајноста што мора да ја поседува секој проектен и продуктен менаџер. Не само кон процесот, туку и кон комуникацијата со засегнатите страни, комуникациските вештини во никој случај не смеат да се потценуваат и според мене, се најтешки за учење.
Најгорда сум на…
Успешната соработка што сум ја имала со одличните колеги од академијата, резултатите кои ги постигнувам секоја недела од домашните кои имам можност да ги изработувам и сама. Со позитивната повратна информација од инструкторите добивам на знаење дека се движам во вистинската насока.
Мојот омилен модул е…
Би рекла дека најмногу се пронајдов во целокупниот модул на продуктен менаџмент затоа што ми делува поопиплив и веќе тогаш добивам јасна визија за крајниот производ.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Иако Brainster може да се пофали со квалитетен кадар, Олгица Стрезоска, инструкторот од Product Manager е таа што имаше најпозитивно влијание врз мене. Не само што ми даваше конструктивни повратни информации и разбирливи одговори на моите прашања, туку и ме поттикнуваше во моите кариерни планови со конкретни совети кои вредеа злато.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Учам многу работи кои се надевам дека наскоро ќе добијам можност да ги применам благодарение на Саемот за вработување организиран од Brainster.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Би ги советувала паметно да инвестираат во својата иднина, да не се плашат ако сè уште не го нашле својот кариерен план и да се вложат максимално откако ќе го најдат.