Запознај ја Елена Радовиќ Јанакиев – Dream Team студент на Академијата за Project and Product Management за јули 2024.
Мојата позадина е…
Магистер по правни науки, во моментов работам на позиција Оперативен Менаџер во компанија за увоз и дистрибуција на тутунски производи.
Областа ја избрав затоа што…
Генерална инспирација за вашите академии добив најпрвин од еден од многуте успешни приказни на ваш алумни мој соученик од средно училиште на дружбата за 15 години матура 😊 Неговата приказна е иницијалната каписла! Понатаму продолжив да истражувам воопшто за академиите, понудата на пазарот, гледав поткаст на компании кои нудат ваков вид на неформално образование, ги гледав и вашите следев објави на блог кај вас и заклучив дека Академијата за Project and Product Management е сферата во која сакам да се усовршам и ја запознаам подобро соодветно на моето образование и работно искуство.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Дека успехот доаѓа само со инвестирање во личен развој и надградување.
Најдобар впечаток на академијата ми остави…
Целокупната организација на академијата и целиот тим кој е задолжен за нашата група од Student Experience & Student Admission – нивната посветеност и достапност за сите прашања и информации. Благодарение на овој тим и предавачите знам дека сум го направила правиот избор за мене.
Академијата ќе ми помогне во моите понатамошни кариерни цели така што…
Јас сум сигурна дека оваа академија и целокупното искуство и знаење со кое ќе се стекнам од неа како и контактите кои ги стекнав со колегите и предавачите ќе придонесат во мојот иден личен развој, а јас ќе ја постигнам целта!