Запознај го Антонио Пановски – Dream Team студент на Академијата за Project and Product Management за септември 2024.  

Мојата позадина е…

Имам завршено на Филозофскиот Факултет во Скопје, но моето работно искуство во главно се движи во секторот за телекомуникации. Тоа го работам веќе подолго од 5 години, со тоа што имам работено различни улоги и на различни позиции. Но, се одлучив да направам промена во мојата кариера бидејќи од секогаш постоел интересот за IT индустријата, па се решив на некој начин да ги спојам двете полиња во едно, а академијата за Project and Product Management сметам дека е најсоодветниот избор за тоа. 

Областа ја избрав затоа што…

Како што кажав, веќе подолг период работам во секторот за телекомуникации, па работата ми се сведува на комуникација со клиенти буквално на секојдневно ниво. Сум имал можност да работам во повеќе outsourcing компании и ја имам забележано важната улога на еден лидер, секојдневно да се грижи да ги исполни зададените барања од страна на клиентот и успешно да го води тимот. Имајќи го предвид досегашното искуство, решив дека таквата улога е правецот по кој сакам да се насочам и самиот и нешто во коешто сакам да градам кариера. 

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Би рекол дека највредната лекција која ја имам научено е целокупната одговорност на проектниот менаџер како лице кое стои одговорно пред клиентите на компанијата и неговата функција да го координира тимот и насочи по вистинскиот пат. Без него, тимот не би функционирал успешно и не би ги постигнал посакуваните резултати.

Најгорд сум на…

Би морал да го издвојам хакатонот како едно од највредните искуства за време на академијата! Беше навистина предизвик да се предводи тим на луѓе кои имаат различни позадини со цел да се изработи реален проект за клиентот. Тогаш всушност ја добив можноста да го применам сето знаење врз вистинска работа, а со тоа ја увидов вистинската важност на еден преоктен менаџер.


Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за Project and Product Management!


Мојот омилен модул е…

Дефинитивно би го избрал модулот за „Иницирање и планирање на проекти”. Во самата првична фаза на еден проект односно во фазата на иницирање и планирање лежи важната улога на еден проектен менаџер, без кој еден проект не може да започне. Најголемата работа на еден лидер се наоѓа токму во оваа фаза, па затоа и модулот беше еден од најважните и најпредизвикувачките досега. 

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Досега сите инструктори ја покажаа својата експертиза на највисоко ниво во полето во кое работат. Ако би морал да издвојам еден, тоа би бил инструкторот Марјан Ѓорѓиев. Марјан дефинитивно влијаеше врз ширењето на мојот светоглед во полето на PPM, секогаш не предизвикуваше и мотивираше, а знаењето кое ни го пренесе е бесценето. 

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Академијата досега ми помогна многу да го изберам својот правец и поле во кое сакам да работам. Иако сферата на Project and Product Management е навистина широка гранка која може да се примени буквално во секој сектор, навистина помага и во тоа да се осознаеш и сам себе – што е тоа што би сакал да го работиш во иднина и што е тоа што би сакал да го смениш. Самата улога на еден проектен менаџер е да бидеш човек од акција и да знаеш дека имаш контрола врз се, не само на работа туку и општо во животот. Така, и на ова поле академијата влијаеше многу врз мене. 

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Да не се двоумат и да скокнат неспремни во поле во коешто немаат никакво познавање или предзнаење. Brainster ги нуди сите услови и за почетници и за некој на понапредно ниво. Доколку постои желбата во вас, сѐ е можно да постигнете. Doubt is the ultimate killer of all dreams in life. Затоа, не дозволувајте да ве надвладее – бидете отворени за нови предизвици!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.