Студенти од три академии + еден клиент Готвиме со Маја (Маја Лазаревска) = 3 одлични реални проекти.

Преку проектот „Готвиме со Маја“, студентите од три академии на Бреинстер имаа шанса да ја покажат својата креативност на дело така што беа направени 3 проекти, по еден од секоја академија. Секој од студентите во зависност од академијата, имаше задача да креира различен проект како:

Главниот збор за овој проект го имаше секако клиентката Маја Лазаревска, која со нас го сподели своето искуство, задоволството и очекувањата која таа ги имаше од студентите.

Какви беа твоите очекувања од студентите?

Имав големи очекувања, бидејќи не ми е прва соработка со Бреинстер студентите, но како и претходно истите беа надминати. Буквално не можевме да се одлучиме за победничко решение бидејќи имавме минимум 5 фаворити. Она што плус се добива при ваквите презентации што имаш можност да слушнеш идеи од голем број креативни млади умови, кои имаат една задача во тој момент, и се максимално посветени на истатата. Креативно размислувале и дошле до некакви идеи кои можеби ти како клиент не си ги ни имал предвид. Презентациите ни отворија многу процеси за размислување. Целиот процес е високо професионално организиран, а победничкото решение ги задоволи во целост нашите барања. 

 По што се одвоија победниците на секоја од академиите? 

Она што ги издвои победничките решенија беше тоа што ги имаа предвидено сите наши насоки од брифот, посебно оние кои специфично беа побарани, како на пример дека јас не се доживувувам како професионален готвач и сакам тој тон да биде нагласен, фокусот да е ставен на домашната кујна. Внимателно ги имаа инкорпорирано нашите барања во нивните решенија и тоа беше убаво објаснето низ нивниот проект.  Имаа многу вложено во подготовка на презентациите кои точно ја објаснуваа нивната визија кој се поклопи со нашата. 

Покрај задоволството на Маја како клиент во овој проект, своето мислење го споделија и студентите од академиите кои ги освоија победничките решенија.

Во победничкиот тим, тим 3 од академијата за Project and Product Management учествуваа Катерина Удалов, Душанка Василеска, Марија Бојаџиевска, Милена Крстиќ, Милена Станишковска  и Марија Гоцева. Ја прашавме Милена Станишковска какво беше нејзиното искуство да работи на ваков реален проект за клиентот „Готвиме со Маја“ и што беше најинтересно нешто на кое работеше во овој проект.

Работата на реален проект е најдобар одговор на она прашање: „Како би изгледала работна недела во улога на проектен менаџер?“. Како тим бевме одлично координирани и најдовме начин како да ги примениме сите работи кои претходно ги учевме на академијата. Можноста да ги истестирам сопствените вештини, да работам во тим со колеги, а притоа да биде за реален продукт е непроценлива. 

Најинтересниот дел ми беше заедно со тимот да определиме кој би бил MVP (minimum viable product), односно на што би требало првично да се фокусира Маја за да го започне овој бизнис. Но, исто така одлучивме да креираме и дополнителни идеи за фичери според кои тимот на „Готвиме со Маја“ ќе може да се води за да си ја надогради платформата во иднина. Процесот да можеш да следиш еден проект од идеја до реализација е навистина исполнувачки – сподели Милена Станишковска.

Победничкото решение за создавање на Visual Identity, беше на Христијан Саботковски, студент од академијата за графички дизајн.

Какво беше твоето искуство да работиш на ваков реален проект за клиентот „Готвиме со Маја?“

Како студент да се работи на ваков реален проект е истовремено предизвикувачки и супер искуство на кое сум неизмерно благодарен. Можноста да бидам дел од проект на “Готвиме со Маја” и да ја покажам мојата креативност беше уживање  и дополнително ме мотивираше, а feedback-от што го добив ми дава уште поголема мотивација за понатаму.

Што беше најинтересно нешто на кое работеше?

Проектот како целина многу ми се допадна, но морам да издвојам дека најинтересен дел ми беше дизајнирањето на логото.


Brainster со нов рекорд : 59 вработувања и практиканти во јули! Приклучи се на листата на чекање денес за упис на Brainster+ Академијата за Project and Product Management, Графички дизајн или Дигитален маркетинг


Додека пак победничкото решение за креирање на Final Marketing Strategy гордо го однесе Адмир Скендеровиќ, од академијата за дигитален маркетинг.

Какво беше твоето искуство да работиш на ваков реален проект за клиентот „Готвиме со Маја“?

Работата на проектот „Готвиме со Маја“ беше извонредна можност за професионален развој. Требаше да ја осмислам стратегијата од самиот почеток, што ми овозможи да го применам своето знаење и креативност во реален контекст. Беше потребно да истражам и анализирам различни маркетинг тактики за да го најдам најдобриот пристап. Соочувањето со реални проблеми и барања на клиентот ми помогна да ги унапредам своите вештини и да стекнам нови искуства.

Што беше најинтересно нешто на кое работеше?  

Најинтересниот аспект на проектот беше создавањето на кампања за социјалните медиуми, особено создавањето на визуелно привлечни и интерактивни содржини за Instagram и Facebook. Ова ми даде можност да ја изразам својата креативност со цел да се зголеми ангажманот на таргет публиката. Искрена благодарност до Brainster Академијата за Дигитален Маркетинг за можноста да учествувам на ваков проект. Обуката што ја добив беше клучна за мојот успех на проектот „Готвиме со Маја“. Благодарение на професионалните насоки од нашите ментори, успеав да го применам своето знаење на овој проект, да развијам ефективни маркетинг стратегии и да го подобрам своето професионално искуство.