Се сеќавам на моментот кога во средно училиште веќе сите започнуваат со нивното омилено прашање: „Каде на факултет”? Уште тогаш не’ тераат да носиме толку важни одлуки кои ја дефинираат нашата професионална определба брзо и врз база на половични информации. Ако сте во онаа група на средношколци кои немате одговор на ова прашање и бирате факултет само затоа што така мора. Или како мене на претпоставки, а не точни информации, тогаш не се грижете, не сте сами. Јас, Тицијан и многу други се соочивме со истата дилема. 

Јас и Тицијан го решивме предизвикот, јас малку потешко, а Тицијан со Академијата за Full Stack во Brainster.

 

Која е твојата позадина во формално образование? Дали отсекогаш размислуваше да учиш програмирање? Како дојде до оваа идеја?

По завршување на средно образование немав никаква идеја за мојата иднина. Се одлучив да го тестирам потенцијалот во две сосема различни полиња, економија и програмирање. Верував дека ќе се пронајдам во светот на економијата, поради што запишав на економски факултет, паралелно со Full Stack Академијата на Brainster. Но, за многу кратко време се пронајдов професионално. Станав сигурен дека сакам да работам како програмер, го сменив факултетот и активно се посветив на академијата.

Уписите за Академијата се во тек. Аплицирај тука!

 

Како се одлучи баш за Brainster? Што беше пресудно да не одбереш нас?

Прв пат слушнав за Brainster од еден пријател. Откако ја разгледав програмата, ги истражив технологиите кои се изучуваат и прочитав дел од успешните приказни. Навистина не чуствував потреба да барам друга Aкадемија, бев сигурен дека и јас сакам да станам дел од Brainster заедницата.

 

Што беше најдоброто нешто што го извлече од нашата Академија? Како ти се промени начинот на размислување?

Научив многу работи и не можам да рангирам ниту една како најдобра. Тука поминав нова препрека која ме натера да ги гледам проблемите како предизвици и за истите да барам решенија.

 

Раскажи ни за твојата нова работа. Дали ова беше нешто што си го замислуваше да го работиш?

Моментално сум во Devsy, каде секој ден е нов предизвик и нова шанса за професионно растење. Учам секој ден и го надполнувам знаењето кое го стекав на академијата. Многу сум среќен што добив можност да работам со три професори од академијата, кои сега го надгледуваат и надополнуваат мојот прогрес.

 

Што е она кое го научи тука, а сметаш дека не можеше на друго место.

Ме фасцинира и ме воодушеви ангажираноста на професорите. Сите се трудеа да го извадиме максимумот од часовите и често остануваа после часови за да дообјаснат, без разлика дали е тема од Академијата или нешто што лично јас го истражувам и работам. Навистина се потрудија да не’ научат и да го пренесат своето знаење.

 

Кога би требало да ги советуваш сите кои размислуваат дали да се запишат на програмирање кои три клучни пораки би сакал да ги пренесеш.

– Не се плаши, сите некогаш биле почетници.

– Со голема посветеност ќе стигнеш до посакуваната цел.

– Новиот почеток отвара нови врати и можности.

 

Останаа уште неколку слободни места на Академијата за програмирање. Резервирај го твоето денес.