Prezi – моќна алатка која ке ве претвори во одличен презентер – стартап алатка #15

„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Имате бизнис идеја и време е да ја претставите пред другите. Но, не знаете како?
Prezi е дефинитивно најдобрата алатка за вас. Со Prezi вие можете да креирате бизнис презентација, презентација на едукативен курс или StartUp идеја. Со Prezi, целта на вашата презентација ќе биде несомнено постигната и тоа на многу едноставен начин.

Притоа , не треба да заборавите на неколку значајни предности кои ги нуди оваа алатка кои ќе направат од вас кративен и одличен презентер.

Визуелизација на вашата идеја

Многу е важно да се разберат основите на Prezi. Содржината е навистина поважна од самата форма на презентација, но доколку истата ја зачините со слики ,графици, интересни видеа, анимации или поверпоинт слајдови, таа ќе добие многу поголема вредност во очите на публиката. Можете да бирате помеѓу големиот избор на позадини, шаблони и стилови на пишување. За повеќе теми за вашата позадина можете да видите на следниот линк.


Популарни курсеви:

„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”

„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“

„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“


 

Prezi е лесно прилагодлив на повеќе различни уреди, па така можете да презентирте преку вашиот десктоп, таблет или смартфон. Освен тоа, овозможува пристап на повеќе луѓе кои можат да работат истовремено без разлика каде се наоѓаат. Можете да работите и презентирате offline со тоа што ќе го симнете Prezi на вашиот десктоп.

slika 1

Подобар преглед на презентацијата

Клучот на добрата презентација е ефективното пренесување на идејата. Prezi може многу повеќе од тоа. Организирано ги поврзува сите информации, ги нагласува главните точки преку алатката за зумирање, а со одзумирање публиката може да ја види големата слика и да има појасна претстава за што ќе станува збор понатака. Динамично можете да се движите од една точка на друга, да нагласите текст или слика, но притоа треба да внимавате да не ја збуните публиката.

slika 2

На крај, со сигурност имате воодушевена публика, а вие добивате поголема самодоверба за вашата следна презентација.

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

Среќно,

Brainster заедницата

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫