Запознајте го Владимир Костовски – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец јуни 2022.

 

Име и презиме: Владимир Костовски

По професија: Биолог

Академија: Академија за Project & Product Management

Зошто баш Project & Product Management: Затоа што има широка применливост, и пред сé, бидејќи нуди голем број на алатки, техники и методи за начинот на управување со проектите, а воедно истите може да се употребат во насока на професионално усовршување и надградба.

Што те мотивира постојано да учиш: Приврзаник сум на концептот за доживотно учење. Учењето треба да продолжи и после завршувањето на формалното образование, и само на тој начин се гради вистински професионализам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Секој модул и сите лекции се интересни, но најинтересна тема ми беше агилниот начин на управување со проектите.

Омилен модул и зошто: Модулот за управување со ризици и промени. Ризиците и промените се неизоставен дел од секој проект, а да научиш правилно да управуваш со нив е вистинска умешност.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Неможам да издвојам ниеден. Буквално сите ми оставија прекрасен впечаток. Големата посветеност кон студентите е заеднички именител за сите.

За 5 години сакам да бидам: Уште поуспешен професионалец од денеска.

Хоби: Читањето книги е нешто што ме опушта, а воедно ми го проширува светогледот.

Омилена книга: Алхемичарот – Пауло Коелјо

Омилен цитат: ”And, when you want something, all the universe conspires in helping you to achieve it.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!