Запознајте ја Сандра Николовска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец јануари 2022.
Име и презиме: Сандра Николовска
По професија: Економист
Академија: Академија за Project and Product Management
Зошто баш Project & Product Management: Проект и продукт менаџмент е област која наоѓа примена во деловниот и во приватниот живот. Исто така, ни создава вештини кои се преносливи и употребливи насекаде, како што се: планирање, тимско работење, добра комуникација. Накратко, знаењето во оваа област дава фантастични можности и вештини. Дава визија за добра организација, мотивација, и работи на начин да секој ресурс е добро испланиран и употребен.
Што те мотивира постојано да учиш: Светот околу нас се менува многу брзо, истовремено е пожелно наше брзо прилагодување на тие промени, да ги прифатиме, да се осознаеме себеси каде сме низ тој процес и вешто да ја спроведеме адаптацијата. Тоа не е можно без постојано да учиме.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Во почетните неколку модули сѐ ми е интересно, и новиот начин на хибридно учење и темите кои ги обработуваме, и се разбира најмногу работата на проектни задачи во тим.
Омилен модул и зошто: Секој модул обработува посебна и корисна тема, еден омилен не би можела да издвојам.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Секој од нив е со посебен стил на предавање и големо знаење во областа.
За 5 години сакам да бидам: Со подлабоко знаење и искуство во оваа област.
Хоби: Сликање, танцување, готвење.
Омилена книга: Парфем – Patrick Süskind & Never Split the Difference – Chriss Voss
Омилен цитат: „It is never too late to be what you might have been.” – George Eliot
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!