Запознајте ја Даниела Иваноска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец февруари 2022.

 

Име и презиме: Даниела Иваноска

По професија: Дипломиран менаџер

Академија: Академија за Project and Product Management

Зошто баш Project & Product Management: Проект и продукт менаџмент ми привлекуваше внимание веќе подолго време. Наоѓа примена во повеќе области и нуди интересни можности за усовршување на нашите soft skills. Како дипломиран менаџер, сакав да ги осознаам фазите низ кои поминува создавањето на еден дигитален продукт и како истиот успешно се лансира, за да можам истото да го применам во пракса.

Што те мотивира постојано да учиш: Постојаниот развој на технологијата и дигиталниот свет ме мотивира постојано да се надградувам себеси. Со учењето на нови работи расте и мојата продуктивност што дополнително ме мотивира и поттикнува да се развивам уште повеќе.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Новитет ми беше хибридното учење. Што се однесува до темите и модулите сите се многу интересни, ни овозможуваат детално навлегување во проблематиката и осознавање на клучните работи кои ќе ни служат во иднина. Од големо значење и корист е работата на проекти и тимската работа.

Омилен модул и зошто: Не можам да издвојам омилен модул, сите се посебни и доста корисни. Веќе сме на половина од Академијата и можам да кажам дека доста научивме и уживам во секој модул.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Инструкторите се посебни и ги обожавам сите. Имаат големо искуство и знаење во својата област и несебично го споделуваат истото. Навистина може многу да се научи од нив.

За 5 години сакам да бидам: Успешен проектен менаџер со големо познавање во оваа област.

Хоби: Читање книги, пешачење и патувања.

Омилена книга: Сакам трилери, омилени автори ми се Тес Геритсен и Себастијан Фицек. Како омилена би ја издвоила Мраз Студено.

Омилен цитат: ”The only source of knowledge is experience” – Albert Einstein

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!