Запознајте ја Марија Стојановска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец август 2022.

 

Име и презиме: Марија Стојановска

По професија: 3Д филмска продукција

Академија: Академија за Project & Product Management

Зошто баш Project & Product Management: Затоа што на некој начин е применета уметност. Отсекогаш уметностите ми биле сеприсутни во секојдневниот живот вклучувајќи ја и филмската. Да се биде дел од тим кој како краен резултат добива нешто што побудува емоции за големи и мали е навистина професија која се живее и те исполнува.

Што те мотивира постојано да учиш: Ако нешто не сакам е да стојам во место. Никогаш не би можела да работам нешто во кое не гледам можност за напредување и доградување. Мотивација ми е светот кој толку брзо се движи и менува, и сакам да останам во чекор со тие промени.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересно, како човек што го работи ова повеќе години без претходно стручно спремање, ми беше да ги научам имињата и дефинициите за голем број секојдневно применувани процеси низ работата.

Омилен модул и зошто: Првите два, затоа што најлесно ми беше да повлечам паралела со мојата работа на истите теми и веднаш да извлечам поуки што треба да продолжам да применувам, а што не.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Одлични се сите!

За 5 години сакам да бидам: Продуцент на првиот македонски 3Д филм.

Хоби: Музика, астрономија, книги и секако гледање филмови.

Омилена книга: Немам омилена книга, но би ги издвоила: A Space Odyssey, Robot Collection & The Hobbit.

Омилен цитат: “There’s coffee in that nebula!“

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

*Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Р.С. Македонија