На 1-ва страна на Google преку добро SEO со Билјана Димовска

Веќе неколку групи поминаа на почетниот курс за SEO со Билјана, па следно подготвивме и нов Pop-Up курс: Вовед во Search Engine Optimization! Преку нејзино лично искуство ќе ги пренесе критичните аспекти на секој SEO проект, на што да се обрне внимание, од каде да се учи и кои алатки можат да ти го олеснат работењето дури и кога веќе работиш SEO!

Билјана, веќе 10 години професионално работиш SEO и си Digital Marketing Specialist. Што друго ќе ни кажеш за тебе? 🙂

Некако по природен пат секогаш се наоѓам на позиции што се поврзани со директна комуникација со клиенти. Како Digital Marketing Manager, секогаш зборувам директно со клиентите и често сум мост меѓу клиентот и неговите потреби и техничкиот тим и можностите за изведба. Многу често искуството ме става во улога на консултант за клиенти, чии онлајн бизнис идеи не се додефинирани или пак се насочени погрешно. Па тука настапувам како помагач во процесот да се стигне до вистинското решение или најдобриот план за акција пред било каква егзекуција.

Како човек сум многу динамична и таа динамика ми е потребна за да се чувствувам исполнета. За себе сметам дека сум многу комуникативна и позитивна. Многу амбициозна и имам постојана потреба од предизвици!

Зошто баш SEO и кои се бизнис придобивките? Зошто е толку потребен и корисен?

SEO-то практично случајно се појави како потреба кај мои одамнешни клиенти, кога уште беше во зачеток целата оваа индустрија. Како резултат на оваа потреба научив многу за SEO за да можам да испорачам точно тоа што се бараше. Потоа сфатив дека ова е свет во зачеток и дека потребите само ќе се зголемуваат. SEO е инвестиција со долгорочни придобивки. Затоа им е интересен на оние бизниси кои планираат да останат во својата индустрија и да изградат име и авторитет.

Денешното SEO така и функционира – на база на изграден авторитет со многу работа, оригиналност и искрен пристап кон таргет публиката.

На какви проекти имаш работено до сега? Издвој ни некои.

Проектите кои до сега ми биле доверени се обично од Велика Британија. Можам да кажам дека со овие клиенти најдобро соработувам првенствено поради малата временска разлика, специфичниот прецизен пристап кон бизнисот кој го имаат и фискалната свесност која кај нив е на високо ниво. Тоа се проекти од најразлични индустрии: од производители на алуминиумски прозорци, до агрегатори на банки и други финансиски сервиси кои овозможуваат најразлични заеми, потоа e-commercе проекти, start ups, кои очајно се ослонуваат на SEO бидејќи очекуваат големи придобивки на долги патеки, до театарски групи кои работат со многу специфични таргет групи на луѓе и на точно одредени локации.

Нема да издвојувам клиенти, но можам да кажам дека голем дел од моето време е посветено на SEO проекти и е резервирано за клиенти кои се со мене повеќе од три години. После одредено време како SEO професионалец и со одредено портфолио на проекти зад себе, се наоѓаш во состојба кога веќе не ги бараш клиентите, туку тие те бараат тебе. Еден задоволен клиент носи минимум уште еден нов клиент по препорака.

Што да очекуваат учесниците од твојот Pop-Up курс?

Учесниците на курсот можат да очекуваат да слушнат и научат што јас сум научила за SEO, било по потреба на проектот или пак како резултат на мојата љубопитност. Ќе им пренесам и неколку практични совети за SEO кои ќе им заштедат време.

Од моето искуство ќе ги пренесам критичните аспекти на секој SEO проект, на што да се обрне внимание, од каде да се учи и какви алатки можат да ни го олеснат животот.

Kурсот е наменет за маркетери, за професионалци од IT индустријата, за сопственици, за сите оние кои имаат сопствен блог или веб сајт, за сите кои сакаат да се запознаат со можностите и намената на SEO-то, но и за сите оние кои сакаат да откријат во што се добри.

 

 

Доколку сакаш да стекнеш почетни вештини за SEO, пријави се тука. 

pop up kurs za seo

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Инструктори и ги содржи следните клучни зборови: инструктори, SEO, pop-up kurs, дигитален маркетинг, курсеви, search engine optimization

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.