Лансиравме продукт на Pop-up курсот со Петар Ниновски

Нa Pop-up курсот 5 Growth marketing техники со Петар Ниновски – за еден ден го лансиравме продуктот: 52 бесплатни лекции за дигитален маркетинг.

На 4 часовната интензивна работилница учесниците навлегоа подлабоко во светот на Growth Маркетинг и во текот на предавањето се запознаа со процесот на правење на Growth Маркетинг кампања.

Ги дознаа најсоодветните алатки кои се користат во различни фази од кампањата. Согласно спецификите на различни бизниси, искористија различни техники, совети и трикови за успешно да стигнат до првите корисници со низок буџет за маркетинг.

За време на работилницата изработивме: Landing страна, e-mail автоматизација и стратегија за социјални медиуми, со што во првиот час од лансирањето успешно генериравме повеќе e-mail адреси со една Growth Маркетинг кампања.

Дополнително студентите се запознаа со процесот на брзо тестирање кое го оправдува донесувањето на бизнис одлуките.

Следниот Pop-up курс е закажан за 19ти jануари, сабота, со почеток во 11:00 часот. Има уште 3 слободни места. Целосната програма може да ја видите тука. 

Курсот е наменет за:

✓ Маркетери

✓ Основачи на стартапи

✓ Иновативни менаџери

✓ Сопственици на мали и средни бизниси

✓ Студенти

✓ Сите кои сакаат да научат применливи и практични вештини

Ќе навлеземе длабоко во целата лепеза на различни хакови и трикови кои се засноваат на податоци, технологија и бихејвиористичка наука за аквизиција, конверзија, задржување и препорачување на твојот производ.

Види ја програмата тука. 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.