Петар Лазаров е еден од главните виновници за успехот на MAMAS ајварот на интернационалниот пазар. Тој е ко-основач на Македонија-Експорт и ко-автор на книгата Tip of the weeк. Зад себе има повеќе од 100 одржани работилници за продажба. На Академијата за дигитален маркетинг ќе имаш шанса да видиш колку добар можеш да бидеш.

Продажбата е интегрален дел од многу професии. Се случува секојдневно: од комуникацијата на работното место па сè до продавањето на производи/услуги. Петар, како да станеме добри продавачи? 

Најпрво треба ја гледаме продажбата од една друга преспектива. Продажбата не е само техники, алатки и вештини. Таа е многу подлабока. Тука се емоционалниот и вредносниот систем на двете страни. На мојата работилница минувајќи низ чекорите низ кои поминуваат продавачот и купувачот во процесот на продажба, ќе ги опфатиме главните аспекти и ќе влеземе во чудесниот свет на потсвеста. Ќе откриеме што е она што не тера да правиме или не одредени акции и постапки.

Што да oчекуваат студентите од дружбата со тебе?

Ние секој ден продаваме (уште од 3 годишна возраст), дали на нашите пријатели, партнери, колеги, родители, несвесни за тоа. Ќе се стремам да им покажам дека истите правила што важат за продажба кон некој клиент, важат и за било која “продажба” во личните односи. Ова важи за оние кои комуницираат со клиенти, или се во првите борбени редови во своите компании и се задолжени за правење профит. Продавачи на производи, услуги, директно изложени кон клиенти, индиректно, сопственици на мали и средни компании, идни основачи на стартапи и сите кои сакаат да дознаат во што се добри.

Сите ние ги замислуваме добрите продавачи како ретки митски суштества кои можат да постигнат сè што ќе зацртаат. Каков совет ќе им дадеш на идните амбициозни продавачи?

Најважно е да ја сакаат својата работа, да ја сакаат продажбата и да знаат дека продажбата не е книга што може да се прочита, или обука што треба да се посети. Таа е постојан процес на работа, развој и инвестирање на своето време и енергија во постојана надоградба. И нормално, да не се откажуваат. Но, баш и за тоа откажување (зошто и како се случува) ќе зборуваме на оваа обука. Just work towards your best self!

Уписите за Академијата се во тек.

Marketpreneurs

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, технологија, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. обука за маркетинг. kurs za prodazba, курс за продажба, обука за продажба, obuka za prodazba, obuki vo skopje, обуки во скопје