5 совети за поголема продуктивност

Во втората епизода на Braincast, студентите на Brainster Академиите и Brainster Next колеџот разговараа со основачот на Brainster, Петар Ниновски за лидерство, претприемништво и развој на сопствен бизнис. Неминовен дел од сите овие три сегменти е добрата лична организација и продуктивност која директно влијае на твојата успешност како лидер и претприемач.

Издвојуваме 5 совети за продуктивност од Braincast E02 кои ти препорачуваме веднаш да почнеш да ги применуваш!

Намали ги или комплетно острани ги дистракциите

Сигурно многупати се имаш најдено во оваа ситуација – се одлучуваш да започнеш со работа на задача која бара потполна концентрација и посветеност. Се подготвуваш, започнуваш и по само неколку минути полн фокус слушаш нотификација, излегува pop-up за нов мејл, добиваш телефонски повик…Колку и да изгледа ситно во тој момент, ова одвлекување на вниманието прави голем прекин во твојот фокус и бара дополнително време за враќање во првичната форма.

Петар во Braincast Q&A раскажа како успеал комплетно да го острани телефонот од своето секојдневие, баш од оваа причина – за да ги отстрани сите дистракции од овој вид. Доколку не си подоготвен/а за толку драстичен чекор, пробај барем во периодите кога ти е потребна максимална концентрација да ги поставиш телефонот и компјутерот на минимални дистракции.

Само „silent mode“ за жал повеќе не е доволно. Стави го телефонот на airplane mode, доколку не ти е неопходно за работата, не го врзувај компјутерот на интернет. Дозволи си време за комплетен фокус и продуктивност, веднаш ќе приметиш колку побрзо и поефикасно ќе можеш да ја завршиш работата.

Одреди временски рамки според типови на задачи

„Time slots“ поделени по категории можат да ти го максимизираат фокусот на одредената тема, а со тоа и да те направат поефикасна/ен таму каде најмногу е потребно во моментот. Префрлувањето од една задача на друга, постојаното „сецкање“ и прилагодување на начинот на размислување според комплексноста на темите го отежнува концентрирањето и некогаш придонесува за избрзани и непромислени решенија.

Одреди си денови за конкретни активности, ден за стратешко планирање, ден за состаноци, ден за оператива и сл. Определи ги најзастапените теми на кои најчесто работиш и најди го нивното место во твојот распопред. Погледни го примерот на Петар:

Изгради рутина

Постави си начин на функционирање кој одговара на твоите секојдневни обвсрки и начин на живот. Одреди термини за прегледување мејлови, термини за планирање, за состаноци и потруди се најмногу што можеш да го следиш воспоставениот тек.

Во Braincast Q&A Петар ни сподели дека си легнува рано, станува во 3 наутро и го дели времето за размислување, читање или завршување на тековни активности. Не мораш да бидеш во 5am (или 3😊) club за да ја поставиш твојата рутина, прилагоди ја на твоето секојдневие, но внимавај вистински да се потрудиш да го извлечеш максимумот од твоето време. Нормално е да има ситуации кога нема да може сѐ идеално да се вклопи, но не дозволувај тоа да го наруши целиот распоред. Направи компромис, и потоа врати се на темпото кое го имаш воспоставено.

Дај поголем фокус на активности кои носат поголема вредност

Понекогаш несвесно се фокусираме многу небитни (или помалку битни) задачи, губејќи од вид дека има многу посериозни и повредни работи кои го залужуваат нашето внимание.

Кога го правиш твојот неделен или дневен план, започни од приоритетите според важност. Дефинирај што може да ти донесе најмногу, што е клучно за твојот раст (или на твојата организација) и постави го како приоритетна задача. Фокусирај се да ја завршиш прва, а потоа премини на задачите кои можеби имаат поголема итност, но немаат толкаво значење. Импактот и драстичната промена ќе ги почувстуваш на долг рок.

Кажи не на активности кои не носат вредност

Многу често е тешко да се каже „не“, но кога ќе почнеш тоа да го правиш, ќе станува сѐ полесно. Како што си поставуваш приоритети на задачите, приоритизрај и што вреди да му посветиш повеќе време, на кои активности вреди да им се посветиш.

Пробај да ги прескокнеш работите кои ги правиш само затоа што ти е незгодно да одбиеш. За сметка на тоа фокусирај се на задачи кои ќе ти донесат вистинска вредност во твојот кариерен развој. Сите ќе разберат доколку одбиеш за да се посветиш на нешто што ти е во моментот многу важно.

Доколку имаш прашања во врска со продуктивност, кариерен развој и лидерство, сподели го твоето прашање во коментар или приватна порака на нашите социјални мрежи.

Погледни ги сите епизоди на Braincast тука.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА