Од курс за програмирање до сопствена компанија

Чест ни е што од првиот курс на Brainster, може да се пофалиме дека “учениците станаа подобри од инструкторите“.

Кога ќе започнеш курс од Brainster ја имаш целосната поддршка од инструкторите и соучениците. Лична надоградба, идеи и нова кариера е она за што Brainster постои. Се надеваме дека оваа успешна приказна ќе ве инспирира и ќе ве мотивира да размислувате за вашата кариера.

„Brainster курсевите се нешто што може многу да придонесе во градењето на кариерата на еден млад човек. Тоа беше така и во нашиот случај. Како студенти, секојдневно бевме опкружени со огромен број на информации, кои некако само прелетуваа низ нашите глави. Знаењето кое го добивме од факултет е навистина огромно и претставува најголемиот извор од каде што ги исцрпивме сето знаење. Но, она што фали на факултет е таа практична работа, односно практична примена на наученото.

 14572352_10207434947093564_5039938364777582102_n
 

Затоа, курсевите на Brainster помагаат многу во патот кон успешната кариера. Конкретно нас, ни ги отворија портите кон градењето на успешна старт ап приказна. Воведот во Laravel, како една од новите и модерни технологии, ни помогна многу. Година дена подоцна, откако вложивме многу труд и енергија во совладување на таа технологија, сето тоа ни се врати со покана од Петар од Brainster да развиеме нова платформа, каде што би ги здружиле силите од програмирање и маркетинг и заедно би им помогнале на младите да ја пронајдат нивната работа од соништата. Парелелно со сето ова, ние креиравме и наш продукт www.rezerviraj.mk , базиран на истата технологија која ја научивме на курсевите на Brainster и го применуваме знаењето кое го стекнавме на курсевите по маркетинг кои исто така ги посетивме преку Brainster, за тоа како да ги привлечиме корисниците да ја користат нашата апликација.

Најтопло ги препорачуваме курсевите на Brainster, затоа што тоа е вистинскиот начин да се научат корисни лекции, да се добие практично знаење, да се стекнат пријатели кои траат цел живот.“

15271402_10207746490081944_981779489_o
   Христиан Илиоски         Васко Теохаров           Никола Кусибојоски        Симеон Здравески

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: Brainster, brainster kariera, kariera, kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија

Related Stories For You