Една година по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг, ги посетивме нашите студенти од претходната генерација на Академијата за маркетинг на нивните нови работни места. Ова се нивните приказни, како од клупите на Brainster стигнаа до одлични маркетинг кариери во некои од најголемите компании во државава.
„Brainster е искуство кое сакам постојано да ми се повторува. Зборувам за брилијантни маркетери, инзвонредни предавачи, иновативни, забавни и креативни. Екстремно посветени и страствено несебични во пренесувањето на своето знаење и искуство.“ – вели Наде Темелковска, која за 1 година, од клупите на Brainster стигна до мошне одговорна маркетинг позиција во Нептун, најголемиот бренд за техника и електроника во државава.
Здраво Наде. За нас овие година дена откога заврши како една од најдобрите во твојата група поминаа мошне брзо, a ти веќе успеа да изградиш успешна кариера. Ќе ни раскажеш ли малку повеќе за тоа што ти се случуваше откако ги напушти клупите на Brainster?
Можам да кажам дека беше една возбудлива година, исполнета со многу работа, огромна посветеност и љубов, упорност и константно учење и усовршување.
Ставнав дел од маркетинг тимот на Нептун, најголемиот малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија. Моментално работам како Бренд Координатор, одговорна за маркетингот на повеќе од 20 бренда, меѓу кои Apple, Huawei, LG, Samsung, Beko, Asus, Canon, Sony, Acer…
Како од денешн аспект гледаш на вештините кои ги стекна на Академијата за дигитален маркетинг? Колку ти помогна во градењето кариера? Колку се барани и важни во големите компании како што е Нептун?
Brainster е искуство кое сакам повторно и повторно да ми се повторува. Зборувам за брилијантни маркетери, инзвонредни предавачи, светски иновативни, забавни и креативни. Екстремно посветени и страствено несебични во пренесувањето на своето знаење и искуство.
Велат подобро од илјада денови вредно учење, е еден ден со добар наставник. Да учиш од Дамјан Дамјанов, Љупка Наумовска, Петар Ниновски е навистина посебно искуство. Луѓе-генијалци, кој воодушевуваат со својот ентузијазам, креативност и знаење.
Секоја вештина што ја стекнав во Brainster ја користам секојдневно. И не застанав тука. Имам среќа да работам во компанија која вложува во своите вработени, во обуки и семинари. Па можам да се пофалам со уште една стекната вештина, правење на Landing страни, користејќи HTML, CSS и Bootstrap, што за мене беше огромен предизвик и целиот труд, посветеност, и екстензивна работа дефинитивно се исплатеше.
На моја голема радост Нептун за оваа обука ги одбра токму Brainster.
На какви кампањи работиш моментално и кој дел од маркетингот откри дека ти е јака страна?
Секогаш работам на неколку кампањи истовремено. Денот ми започнува прилично амбициозно. Започнувам со спремање на ТВ спот и билборди за лансирање на нов модел на смартфон, за веќе во следнот момент да ме видите во City Mall како спремам излог за гејминг лаптопи, за денот да ми заврши со подготвување на newsletter и смислување на текст за радио за новата акција на телевизори и дигитална кампања за апарти за сликање.
Имајќи го предвид темпото и разновидноста на работите, би рекла дека една од јаките страна ми е способноста за брз switch на раскажување на една или друга приказна, користејќи го вистинскиот момент, вистинската стратегија, како и сите канали и ресурси кои ми се на располагање.
Но она што најмногу го сакам и ме движи напред е чувството на голем адреналин и страст додека спремам една кампања. Едноставно ја сакам динамиката и промените кое се случуваат секојдневно.
Што е она што би им го пренела на сите оние кои во моментот размислуваат да се запишат на Академијата?
Најдобра инвестиција е вложувањето во себе. Искористете ја секоја прилика за сопствено надградување. Тоа е вистинската инвестиција која треба да си ја дозволите.
Ќе се соочите со многу работа, со многу предизвици. Секогаш ќе има работи кои нема да ги знаете. Но никогаш немојте да се исплашите од нивната комплексност доволно за да се повлечете. Имајте на ум дека најдобрите работи во животот се учат во најтешките моменти. Вложете се целосно. Не се штедете. Обојте ја приказната што ја раскажувате во илјада бои, дајте ѝ душа. Разберете го вашиот купувач. Читајте многу. Одете на семинари, секој ден учете нешто ново.
Имајте на ум дека креативноста е бесконечна, тоа е процес кој нема крај. Секогаш одново и одново воодушевувајте се на процесот на креирање. Бидете препознатливи и секогаш, секогаш верувајте во себе.