Една година по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг, ги посетивме нашите студенти од претходните генерации на нивните нови работни места. Ова се нивните приказни, како од клупите на Brainster стигнаа до одлични маркетинг кариери во некои од најголемите компании во државава.
„Кога имаш можност да учиш на реални примери, веднаш знаеш каде можеш да ги користиш своите новостекнати вештини. А Дигиталниот маркетинг не е повеќе иднина, тој одамна e наше секојдневие. На големите компании како што е Sparkasse Bank Makedonija тоа им е повеќе од јасно и затоа многу вложуваат во квалитетно дигитално присуство.“ – вели Јана Крстевска, од Академијата за маркетинг која сега е дел од маркетинг тимот на Sparkasse Bank.
Здраво Јана. За нас периодот откога заврши како една од најдобрите во твојата група поминаа мошне брзо, a ти веќе успеа да изградиш успешна кариера. Ќе ни раскажеш ли малку повеќе за тоа што ти се случуваше откaко ги напушти клупите на Brainster?
Уште пред да заврши Академијата на Brainster, започав со динамичниот пат со многу нови предизвици и мноогу работи за учење. Првото скалило беше мојата работа во Ovation BBDO како Copy writer, а качувањето по скалите некако брзо се одвиваше и за помалку од 6 месеци станав Social Media Account. Ми беше огромна чест што можев да се наградувам и да работам со многу добри експерти во маркетинг агенција која постои веќе 20 години.
Бидејки секој сака да проба да ги рашири крилјата, јас за една година прелетав од маркетинг агенција во Sparkasse Bank Makedonija, од другата страна на приказната, онаа на клиентот.
Како од денешен аспект гледаш на вештините кои ги стекна на Академијата за дигитален маркетинг? Колку ти помогнаа во градењето кариера? Колку се барани и важни во големите компании како што е Sparkasse?
Кога имаш можност да учиш на реални примери, знаеш каде и како можеш да ги користиш своите новостекнати вештини. А Дигиталниот маркетинг не е повеќе иднина, тој одамна e наше секојдневие. На големите компании како што е Sparkasse Bank Makedonija им е повеќе од јасно дека е многу важно секојдневното присуство со добра дигитална содржина.
На што работиш моментално, и кој дел од маркетингот откри дека ти е јака страна?
Во моментов работиме на доста проекти, а особено ми се интересни оние кои се насочени на младите, кои се поголем предизвик од аспект на креирање свежа и оригинална содржина. Се радувам што влегов во една динамична работна средина, со многу проекти и кампањи уште од самиот старт и се надевам дека ќе можам со моето досегашно искуство и знаење да помогнам најмногу од аспект на креирање дигитална содржина, додека за се останато имам голема подршка и мотивација од мојата претпоставена.
Што е она што би им го пренела на сите оние кои во моментов размислуваат да се запишат на Академијата?
Воопшто да не губат време во двоумење и размислување, туку да се запишат на Академијата каде веднаш ќе почнат да работат на реални проекети. Да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа! И тука би го искористила мојот омилен хаштаг на Sparkasse #верувајвосебе 🙂