Тања е бизнис аналитичар во BizzBee Solutions сo искуство во областа на маркетинг за социјални мрежи. Моментално е на Академијата за дигитален маркетинг каде нејзиното претходно познавање од маркетинг го пренасочува кон дигитален маркетинг.
Уписите се во тек. Види програма тука.
Кажи ни нешто повеќе за тебе? Кое е твоето претходно образование? Како стигна до Академијата за дигитален маркетинг во Brainster?
Здраво. Јас сум Тања Шатановска. Имам дипломирано на економскиот факултет во Скопје, при Универзитет Св. „Кирил и Методиј“, на департманот маркетинг. Имено, сум личност која постојано сака да учи, да се надоградува и да ги усовршува своите професионални вештини како Дигитален маркетер. Што се однесува до Академијата за маркетинг, можам дека кажам дека претходните успешни приказни што ги имам прочитано, како и претходните посетени два курса во Brainster за „Блогирање“ со Ива Дујак и „Основи на дигиталниот маркетинг“ беа поттик да се запишам на истата.
Веќе подолго време водиш блог и социјални мрежи на кои ги споделуваш содржините кои ги креираш. За каков тип на содржини станува збор и за кого е наменет твојот блог?
Веќе 9 месеци активно го водам својот блог „Diabetes is my life”, во кој пишувам за моето 20 годишно искуство со дијабетесот, за секојдневните предизвици со кои се соочувам и како се справувам со нив, се со цел да им помогнам на оние луѓе кои исто така се соочуваат со оваа состојба, да сфатат дека дијабетесот не е страшна болест и не претставува пречка да ги исполнат своите соништа и цели. Досега имам помогнато на многу луѓе, а некои од нив, самите се понудија да ги споделат своите приказни со дијабетесот на мојот блог.
Како Академијата за дигитален маркетинг се вклопува во твоите професионални ангажмани и секојдневната работа?
Академијата за дигитален маркетинг за мене претставува водилка и на професионално поле и во секојдневниот живот. Ми дава насока на размислување, на разбирање на процесите и донесување на одлуки. Ми дава поголема сигурност во себе. Ме учи да бидам посветена на работите и на новостите што се случуваат со голема брзина во дигиталниот свет.
За сите неуморни ентузијасти што секогаш се спремни да научат нешто ново, да сменат кариера или да стекнат практични вештини за нивен професионален развој зошто би им ја препорачала Академијата за дигитален маркетинг?
Пред се, затоа што многу се учи. Секој модул претставува авантура самиот за себе, со различни препреки, од кои не треба да се плашиме да ги надминете. Ќе научите да размислувате “out of the box” и постојано да читате, за да бидете во тренд со трендовите, И секако, ќе научите и сфатите дека ништо не е невозможно.