Успешна приказна: Фросина Маневска започна своја стартап компанија

Повеќегодишно искуство во областа на market research, надополнето со практични дигитални вештини кои Фросина ги стекна на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster, беа исчекор за создавањето на нејзината стартап компанија.

Апликациите за новите групи се во тек. Види ја програмата тука.

Како се одлучи за формирање на свој бизнис?

Постои период во животот кога сакаш да направиш промена, да создадеш нешто свое, нешто што ќе го понудиш на другите како креација, идеjа која со добра соработка ќе се развие во идеално решение. Долгогодишното искуството кое го стекнав во полето на маркет research едноставно ме поттикна да вложам во себе си односно да станам дел од Академијата на Brainster со цел да го проширам своето знаење во областа на online маркетинг. Низ постојана комуникација со нашите предавачи и работа на реални проекти преку примена на многу корисни алатки, ја собрав сета сила за започнување на сопствен бизнис. Пријатната работна атмосфера и пријателствата кои се склопија во работните групи придонесоа комуникацијата да продолжи и понатаму.

Што нуди Leadconnect и кои вештини стекнати на Академијата за дигитален маркетинг најчесто ги применуваш?

Leadconnect е стартап компанија, која што ќе нуди комбинација од online i research маркетинг или како тоа се нарекува интегриран маркетинг. Академијата ни го даде сето знаење кое понатаму останува на нас да го усовршуваме. Секогаш постојат повеќе начини за да се постигне целта, а најважно од сѐ, е постојано да се чита, да се пребарува, да се експериментира и да се прашува. Предавачите од Академијата се секогаш отворени за соработка, поддршка и комуникација. Програмата ни помогна да работиме на својата дисциплина, креативност, но најважно од сѐ е почитување на timeline за испорака на одреден проект. Во поглед на стекнатите вештини можам да кажам дека секојдневно максимално искористувам се што научив.

На какви проекти работиш моментално? Што е она што најмногу го бараат клиентите?

Моментално фокусот ми е на social media marketing а работам и на еден поголем проект во којшто е вклучен market research. Многу е тешко да се издвои што е тоа што најмногу го бараат клиентите бидејќи секоја дејност има своја уникатност. Сепак, би можело да се каже дека за да се создаде една успешна приказна потребно е клиентот да биде несебично вклучен во целиот процес.

Дали постои некој дел од дигиталниот маркетинг кој е клучен за успешност на една маркетинг кампања?

Еден добар маркетер својата кампања ќе ја координира во зависност од природата на продуктот или услугата. Постојана анализа на резултатите и адаптација на својата стратегија врз база на реалните податоци се клучни. Два пати мери еднаш сечи.

Од сопственото искуство: Колку време е потребно една личност да се трансформира од почетник во full stack дигитален маркетер?

Тука мислам дека времето е релативно. Едноставно, колку вложуваш во себе си и во тимот, толку шансите за усовршување во полето на дигиталниот маркетинг се поголеми. Потребен е посебен пристап кон секој предизвик, постојано поставување прашања, следење на промените на светски рамки, и се разбира посета  на обуки и доусовршувања на одередени алатки кои се потребни за тековно работење. Дигиталниот маркетер треба да биде уникатен, да знае да внесе своја магија, жиг во неговата креатива, но и да споделува и соработува со колегите.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.