Дигиталниот PR треба да биде дел од твојот маркетинг буџет

Твојот бизнис нуди супер продукт, но прашањето е како замислениот таргет да стигне до него. Каква тактика користиш за да го зголемиш твоето онлајн присуство? 

Eдна од тактиките кои ти се потребни е Дигитален PR. Ова се неколку работи кои се битни за твојот бизнис, а ќе се разгледуваат на курсот за Дигитален PR со Љупка Наумовска.

Препознатливост на брендот

Огромниот број на информации и вести на интернет не придонесува за брза изградба на идентитетот на твојот бренд. Тука настапува Дигиталниот PR. Со креирање квалитетна и креативна содржина од активностите на твојата компанија, твојата публика ќе дознае дека твојот бренд има многу да понуди. Презентирај го твоето знаење и експертиза, преку релевантни факти и информации кои ќе бидат од корист, со што корисниците би забележале дека се издвојуваш во поглед на конкуренцијата. Споделувањето на успешните приказни и искуства ќе дадат позитивно светло врз твојот бренд.

Репутацијата на бизнисот

Можноста твоите клиенти да остават слаба оценка за услугата никогаш не е исклучена. Нивното лошо искуство ќе го пренесат со лоши критики на твојот сајт. Поголеми се шансите луѓето кои имале негативно искуство да го споделат со негативен коментар отколку оние кои имале позитивно искуство, да ги пренесат своите импресии. Дигиталниот ПР, ти овозможува да ја водиш репутацијата на твојот бизис во насока која тебе ти одговара. Во случај на кризни ситуации твојата онлајн ангажираност ќе ти помогне соодветно да одговориш на потребите на твојата публика.

Секој од учесниците ќе има можност да создаде самостојно дигитална PR стратегија која е применлива во секој бизнис модел.

-Преку темелен преглед на интегрираниот маркетинг микс, традиционалните и онлајн медиуми, технолошките влијанија, психографските карактеристики на современата публика и релациите со медиумите, ќе се доближиме до развивање на модел за прецизни дигитални PR комуникации и тактики за создавање на вести со вредност од значење за нас и нашата публика.

На курсот за Дигитален PR преку симулации и реални случаи ќе научиш како најефективно да спроведеш дигитални PR стратегии и која е нивната важност за секој современ бизнис и професионалец.

obuka za digitalen pr

 

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.