Нова кариера или нова компанија? Како да ја донесеш вистинската одлука

Свесен си дека веќе некое време си несреќен со твојата работа, но прво што треба да направиш е да застанеш и размислиш убаво – дали е во прашање твојата компанија или твојот избор за кариера?

Многу е лесно да немаш одговор на прашањето. Може да поминеш многу време мислејќи дека не ти се допаѓа твојата работна средина (менаџерите, колегите, начинот на работа на компанијата…), пред да заклучиш дека всушност комплетно не уживаш во типот на работа за која си се одлучил.

Некогаш пак ќе поминеш огромен број на години работејќи во одредено поле, мислејќи дека тоа е работата во која си најдобар и во која најмногу уживаш, сè додека еден ден не препознаеш некој твој талент кој нема да ти се верува колку добро се криел сиве овие години.

Но сепак, како ќе бидеш сигурен дали твојата вештина за дизајнирање е доволно голема причина за да ја промениш кариерата за 180 степени? Одговори ги овие четири прашања кои ќе ти помогнат да заклучиш дали е време да ја промениш компанијата или да ја започнеш твојата нова кариера како, на пример, графички дизајнер.

Која е најдобрата страна кај твојата моментална работа, а која е најлошата?

blog-24

Првото нешто што треба да го направиш е темелна анализа на твојата моментална работа. Ова е неопходно за да можеш детално да одредиш што ти се допаѓа, а што не.

Размисли за сите твои (и најмали) обврски кои ги исполнуваш во текот на денот и избери го тоа кое најмногу ти се допаѓа. Можеби тоа е некоја голема одговорност која ја имаш или проектот кој моментално го водиш. Што и да е, препознај ја работата која најмногу уживаш да ја правиш на моменталната позиција. Потоа истото направи го за работата која едноставно мразиш да ја правиш и која секогаш ја одложуваш.

Важната порака која треба да ја извлечеш од одговорот на ова прашање е колку време ти требаше да ги препознаеш позитивните, а колку за негативните аспекти. Доколку работите кои најмногу ти пречат се големи и тесно поврзани со описот на твојата професија, тогаш можеби е време да размислиш за нова кариера.

Опиши ги твојот шеф и твоите колеги во три збора

Startup Stock Photos

Сега, наместо да се фокусираш само на себеси, разгледај ја твојата околина. Запиши ги првите три збора кои ќе ти паднат на ум кога ќе помислиш на твојот шеф, а потоа истото направи го и за твоите колеги.

Заклучокот е едноставен, дали атрибутите кои им ги зададе се позитивни или негативни? Околината во која работиш може да влијае многу на твоето задоволство, некогаш можеби фирмата за која работиш и твојот тим не се доволно силна за да одговори на твоите способности и можности, а некогаш едноставно не се по твој вкус.

Опиши го совршениот работодавец

blog 4 slika 3

Лесно е да знаеш што не сакаш, но понекогаш е навистина тешко да замислиш што точно сакаш и бараш од еден работодавец.

Размисли за квалитетите кои ги очекуваш кај твојата компанија. Можеби компанијата за која отсекогаш сакаше да работиш има опуштена работна атмосфера без стриктно одредено работно време и не почитува никаков кодекс за облакање. Од друга страна пак, можеби подобро функционираш во организирани и строго дефинирани средини кои те мотивираат да работиш и да бидеш одговорен.

Дали твојата листа на карактеристити соодветствува со онаа на фирмата за која моментално работиш? Или дали штотуку опиша нешто сосем спротивно? Доколку твојата компанија сепак ги исполнува условите, тогаш најверојатно вистинската одлука е само промена на компанијата, не на професијата. А ако начинот на функционирање на твојата идеална компанија нема никакви допирни точки со начините на моменталната, можеби треба да разгледаш други опции за кариера.

Дали го работеше истото и на друго место? Како се чувствуваше тогаш?

работа, rabota, vrabotuvanje

Огромна предност имаш доколку ова не е твојата прва и последна работа во полето. Размисли за твоите минати искуства, какви се во споредба со тоа што го чувствуваш сега? Дали твоите обврски тогаш беа слични на оние кои ги извршуваш денес?

Доколку обврските кои ги имаше во минатото се исти или слични со моменталните, а тогаш беше многу посреќен и поисполнет, тогаш решението е промена на работното место. Но доколку и во минатото беше подеднакво незадоволен и токму од тие причини ја промени веќе еднаш фирмата, обиди се со целосна промена на кариерата.

Изгради успешна кариера преку нашите академии. Дознај повеќе ТУКА.

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, нова кариера, компанија, одлука, работодавец

Related Stories For You