Најчести грешки при пишувањето на мотивациско писмо

Доколку ова е првиот твој обид за вработување, сигурно го чувствуваш притисокот кој со себе го носат CV-то и мотивациското писмо.

Да, твоето резиме е неверојатно важно, но подеднакво важно е мотивациското писмо. Особено знаејќи го фактот дека менаџерите кои вработуваат знаат дека некогаш подобар начин да процениш потенцијален кандидат за отворената позиција е по мотивациското писмо, кое дозволува повеќе слобода при нагласувањето на тоа – што те прави тебе совршен за позицијата.

Тажната вест е што пишувањето на добро писмо знае да биде комплицирана задача. Од една страна, секогаш се трудиме да не звучиме клише, но од друга внимаваме да не делуваме претенциозно и самобендисано, што не е толку лесен баланс за одржување. Како да се „продадеш” себеси, знаејќи дека би бил одличен на позицијата, а да не делуваш нарцисоидно?

Има неколку грешки кои почетниците скоро секогаш ги прават и кои некогаш ја ставаат на ризик нивната шанса за вработување. Одбери го полесниот и попријатен начин, и наместо да учиш од своите грешки (како што направивме ние), прочитај ја нашата листа најчести грешки и како да ги избегнеш.

Проблем бр. 1: Твоето писмо е предолго

blog 11 slika 2

Иако на училиште не учеа дека минимум должина на есеј е страна и половина, за мотивациско писмо тоа е премногу. Замисли дека работодавецот треба да прочита 10 такви во денот и обиди се да не користиш непотребни зборови и сите информации да ги сместиш во половина страна.

Совршената должина е 250 зборови. Доколку тоа ти делува прекратко, сети се дека единствените информации кои треба да ги содржи твоето писмо се: работата за која аплицираш, причината зошто мислиш дека си соодветен за позицијата и како планираш да бидеш добар работник.

Проблем бр. 2: Твоето писмо е премногу формално

blog 11 slika 3

Тоа што звучиш како Шекспир нема да ти помогне во новата работа како веб-програмер. Денес, повеќе од било кога, работодавците внимаваат луѓето кои ги вработуваат да бидат пријателски настроени, пријатни и одлични за работа во тим. Се разбира, внимавај да бидеш културен и да се изразуваш соодветно, но нема потреба од зборови кои никогаш досега во животот не си ги употребил.

Добар начин да провериш дали твоето писмо звучи неприродно и премногу официјално е да го прочиташ на глас, така ќе забележиш дали некои зборови и изрази звучат чудно кога ги изговараш.

Проблем бр. 3: Не се „продаваш” себеси доволно

Да, да се биде искрен и скромен е секогаш добро, но кога треба да се опишеш себеси и своите амбиции во 250 зборови, нема многу простор за балансирање на добрите и лошите карактеристики. Прикажи се себеси на најпозитивен можен начин, не со лажење и преувеличување, туку со акцентирање на твоите силни страни. Доколку твоето писмо содржи реченици од типот на „Знам дека најверојатно не сум најискусниот кандидат…” – исфрли ги.

Доколку навистина не се чувствуваш доволно искусно за работата за која аплицираш, биди храбар и нагласи ги твоите атрибути кои, иако недоволно искусен, те прават тебе вистинскиот избор.

Проблем бр. 4: Твоето писмо звучи себично

blog 11 slika 4

Другата крајност пак е кога забораваш дека твоето мотивациско писмо не е само за тебе. Со други зборови – избегни да пишуваш за тоа како работењето во компанијата ќе и помогне многу на твојата кариера и резиме. Менаџерите веќе го знаат тоа, тоа што не го знаат е како ти ќе и помогнеш на нивната компанија.

Прашај се себеси – кои минати искуства и знаења кои ги поседувам би и биле од прилог на оваа компанија? Дали имам било какви идеи кои можат да им помогнат?

Проблем бр. 5: Твоето писмо е преполно со небитни информации

Дали во твоето писмо одвои цел параграф за ERASMUS програмата во која учествуваше и од која научи толку многу? Доколку да, тогаш најверојатно треба да го избришеш. Дали вметна реченици од типот на „Јас сум вредна и лојална личност”? Никогаш не прави листа на нафрлани, позитивни зборови за себе, не звучи убедливо.

За да избегнеш вметување на информации кои се небитни за работодавецот и новата кариера која сакаш да ја започнеш, во твоето писмо вметни ги само вештините и карактеристиките кои се важни за позицијата за која аплицираш. Наместо да зборуваш за твојот семестар во Италија, напомени дека течно зборуваш италијански.

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, како да направиш CV, интервју, мотивациско писмо.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.