Како го пиеш утринското кафе, како се забавуваш, како одговараш на телефон, како ги врзуваш чевлите, како ги сослушуваш пријателите, како го чуваш миленичето, како ќе ја подготвиш утрешната презентација или како ќе искомуницираш со клиентот…

Сѐ се пресликува во твојот микро космос.

Онака како што се справуваш со обичните ситуации, е начинот на кој се справуваш со сѐ. Постојат неколку клучни работи кои те спречуваат да стигнеш таму каде што сакаш да бидеш.

Твоите навики

Или ќе ги промениш навиките или тие ќе те променат тебе. Примети дека имаш тенденција да не ги завршуваш работите кои ќе почнеш да ги правиш? Или дека не можеш да го контролираш темпераментот ниту дома, ниту на работа? Од обичните и секојдневни работи ќе прерасне во: „Имам само 23 години, премногу сум млад за да започнам бизнис, немам никакво искуство“ во „Имам 33 години, премногу е доцна да размислувам за бизнис, а уште подоцна да почнам да учам.“

Моментот кога ќе го откриеш она што ти се провлекува низ животот, е моментот кога треба да се промениш.

motivacija i inspiracija

Текот на настаните

Дали некој те фати за уво и те довлечка таму каде што си сега? Дали некој со сила те натера да се запишеш на факултетот што го студираш, на работата што ја работиш или во местото каде што живееш? Ти одлучи така да живееш, или „така испадна“? Време е да одлучиш кој е твојот вистински “повик” и да не ги оставаш работите на случајност. Така ќе вложуваш многу повеќе труд во она што го правиш и полесно ќе ги оствариш твоите цели. Никогаш не е доцна за позитивна промена. Ако не се чувствуваш среќно на твоето работно место – разгледај други опции за работа! Ако мислиш дека го згреши факулетот – смени насока!

Почни да учиш нешто ново, запиши се на курс. Ако немаш задоволство од местото на живеење, пресели се. Утврди што е она што ти одговара најмногу и надградувај се, за да го задржиш тој начин на живот. Смени го текот на настаните во насока која тебе најдобро ти одговара.

motivacija i inspiracija

Недостиг на мотивација

Дали твојот мотив е доволно голем за да ја оправда целта? Знаеш дека е потребен 21 ден за да ги научиш основите на секоја нова вештина? Сигурно ќе ти биде тешко, но дај си себе-афирмација за твојата важност и максимално искористи го времето за да научиш нови работи. Ќе се мотивираш тогаш кога ќе имаш резултат од она што го правиш. Без разлика дали резултатот е критика или пофалба. Почни да запишуваш сѐ што треба да направиш во текот на денот. Потцртај ги завршените задачи. Води дневик, така ќе имаш увид од каде тргна и до каде стигна. Потцртај ги работите кои ти се потешки и стави го фокусот на нив. Тешкотијата во извршување на задачите не треба да преовлада со твоите планирани активности.

Опушти се. Повторно почни од малите работи. Пешачи минимум 15 минути секој ден. Читај минимум 15 минути секој ден. Јади по едно парче овошје секој ден. Не троши повеќе од 15 минути на социјални мрежи.

motivacija i inspiracija

Инспирација

Сите што успеале, го направиле тоа со напорна работа, учење и влегување во вистинскиот mindset. Прочитај некои успешни приказни и ќе видиш дека не започнале баш сите најсреќно. Визуелизирај ја твојата иднина. Стави се на местото каде што сакаш да бидеш, но не мисли од денеска за утре. Мисли од денес за 5 години. Ако се гледаш како успешна личност за 5 години, сигурно си на правиот пат.

motivacija i inspiracija