Како си поминаа Меги и Сандра на курсот по Excel?

„Решивме да го посетиме курсот по препорака на многу задоволна другарка која претходно била учесник. Ако сакате да научите Excel – одете кај Ѓурчин во Brainster – ни рече“ – вели Меги која го посетуваше Курсот за Excel во Brainster.

Меги и Сандра не посетија на Курсот по Excel со Александар Ѓурчиновски. Успешно го завршија истиот, па пропратно си направивме убав муабет, ги прашавме како си поминаа и какви импресии имаат од курсот!

Здраво Меги и Сандра! Кажете ни нешто повеќе за вас (факултет, хоби, интереси и сл.) 

Здраво, ние сме Меги и Сандра, имаме по 24 години, доаѓаме од Скопје. Студентки сме на Економски Факултет на департман Е-бизнис, се надеваме наскоро и дипломирани :D. Додека студиравме активно, слободното време го поминувавме волонтирајќи во организацијата AIESEC, а сега, кога ни дозволува времето и финансиите, најмногу сакаме да патуваме.

Бевте дел од курсот за Microsoft Excel. Зошто се одлучивте да го посетувате, и што ви се допадна најмногу од курсот?

Меги: Решивме да го посетиме курсот по препорака на многу задоволна другарка која претходно била учесник. Ако сакате да научите Excel- одете кај Ѓурчин во Brainster – ни рече ☺  Најмногу ми се допадна опуштената атмосфера во тек на предавањата, и секако, посветеноста и трпеливоста на инструкторот. Дојдов на курсот без никакво познавање на Excel и неговите алатки, и за релативно кратко време научив многу повеќе од што првично очекував.

Сандра: Програмата на курсот е доста обемна и тоа многу ми се допадна, презадоволна сум од начинот на предавање на Александар, кој целата програма ја претставуваше преку практични ситуации. Курсот целосно ги исполни и ги надмина моите очекувања.

Kaко ќе го примените знаењето од курсот во иднина и за што најмногу ќе ви користи?

Меги: Долго време се мислев да посетам курс за Excel, бидејќи моментално сме во потрага по работа, и Еxcel е една од најчесто бараните алатки за извршување на секојдневните работни обврски. Се надевам дека на идното работно место ќе имам прилика да го применам она што го научив.

Сандра: Excel е алатка која може да најде своја примена во секоја професија, од економија до програмирање и верувам дека во која професија и да се пронајдам, ќе можам да го применам знаењето. Доколку во иднина би имало можност за надоградување на знаењето со задоволство би го посетиле и тој курс ☺

Кои се следните ваши планови? 

Меги и Сандра: Па, се договоривме во иднина дел од слободното време да го поминеме на посета на различни курсеви, обуки и работилници во Brainster,  и постојано да се надоградуваме со нови знаењa и вештини што практично ќе ги примениме.

Следниот курс за Excel започнува на 05.03 и можеш да си резервираш место ? овде

Сакаш да научиш нешто ново, или пак да го надградиш знаењето? Ѕирни ги нашите курсеви ? тука, сигурно има нешто како за тебе.

 

 

   

 

Related Stories For You