До Brainster,

Се додека сме упорни, истрајни и сигурни во својата цел, секој може да успее во кариерната трансформација

Пред да се запишам на Brainster+ Академијата за дигитален маркетинг, бев студент на факултетот за Дизајн и технологија на мебел и ентериер. Пандемијата ме натера да ја направам промената и да се посветам на себе-надоградување. Беше повеќе од јасно дека единственото место каде што времето во тој момент не застана беше дигиталната сфера од нашето секојдневие. Тоа ме натера да се решам на кариерна промена.

Иако талентот игра голема улога за успешна кариерна трансформација, трудот е исто голем параметар во формулата за успех. На почетокот на Академијата имав предизвици и се прашував „Што ако не успеам?“, „Што ако ова е за џабе?“. Но, тоа не ме спречи повеќе да истражувам и читам, па дури и по неколку пати да ги слушам предавањата и да се навраќам на проблематиката која не ми е јасна. 

Да се биде упорен, снаодлив, комуникативен и амбициозен за мене значеше да се работи кон остварување на мојата цел. Многу сум среќна што се решив да направам кариерна трансформација – работам како Менаџер за корпоративна комуникација во Tinex. Toa e брендот со кој пораснав, во кој денес придонесувам. Ова беше една отскочна даска во мојата кариера, каде што покрај дигиталниот макертинг, имам удел и во корпоративните комуникации. 

Ако пред да започнам на Академијата бев малку исплашена и возбудена, денес сум многу посамоуверена, горда и желна за уште повеќе успеси во мојата кариера. На сите идни студенти сакам да им препорачам да бидат упорни, посветени, трпеливи и да се вложуваат за да ги остварат своите цели.

До сите следни успеси,
Тина


Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за дигитален маркетинг и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!


Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!

Tина Спировска, алумни студент од Brainster+ Академијата за дигитален маркетинг, е една од нив. Таа споделува како, со упорност, снаодливост и амбициозност станува дел од брендот со кој порасна. Денес, таму придонесува како Менаџер за корпоративна комуникација!

Со многу труд и напор, по многуте предавања слушани и преслушани одново, ја остварува својата цел и го работи тоа што го сака!

Прочитај ја следната успешна приказна!

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!