Младите ја водат иднината! Оваа поговорка е веќе навлезена во пракса, а студентите од Brainster само ја потврдуваат оваа теза.

Славе Ѓоргиев е еден од многуте студенти со кои Brainster се гордее. Тој е синоним за млад посветен човек, полн со истрајност и посветеност, човек кој има желба да работи на себе и да успее во она што го замислил!

Нашиот алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, во моментов работи на позицијата Lead Generation Executive во чешката компанија InventU. Станува збор за компанија која се занимава со организирање на настани по високи стандарди и бизнис настани низ целиот свет.

Целата успешна приказна на Славе прочитај ја подолу!

Која е твојата позиција во компанијата InventU? Koи се твоите обврски во таа позиција?

Мојата позиција во InventU е Lead Generation Executive. Обврските ми вклучуваат пронаоѓање и идентификување на потенцијални клиенти со имплементирање и креирање на стратегии кои имаат главна цел истите тие потенцијални клиенти или лидови да конвертираат.


Доколку размислуваш за кариера во дигитален маркетинг можеби сега е вистинската можност . Бреинстер заедно со 10 компании доделува 100 ваучери од 1000 евра за академиите. Аплицирај на Brainster Академијата за дигитален маркетинг за твојот ваучер!


Кое е значењето на твојата професија во денешното дигитално време?

Во денешното дигитално време, професијата на Lead Generation Executive е од клучно значење за секоја компанија која сака да расте и да се одржи конкурентна на пазарот. Со постојаното ефективно генерирање на лидови се овозможува пристап до потенцијални клиенти на начини кои претходно не се биле возможни. Тоа води кон подобра персонализација на маркетинг пораките и зголемена стапка на конверзија.

Како Академијата за дигитален маркетинг ти помогна во остварување за твојата кариера?

Академијата за дигитален маркетинг ми помогна да стекнам практични вештини и знаења кои се неопходни за работа маркетинг светот. Преку работа на реални проекти и предизвици, научив како да применам различни маркетинг стратегии и алатки. Ова ми даде солидна позадина и самодоверба.

Како би ги советувал сите кои сакаат да започнат кариера на полето на маркетинг?

Според мене најважно е да се има фокус на континуирано учење и практикување бидејќи е важно е да се биде во тек со најновите трендови и технологии во дигиталниот маркетинг. Исто така, вложувањето време и труд во реалните проекти и хакатони кои дополнително даваат искуство во полето на маркетинг, како и можности за вмрежување со луѓе од маркетинг светот.

Што е она што ти дава мотив да се надградуваш себе си и да вложуваш во себе?

Најголем мотив ми е желбата да бидам успешен и конкурентен во мојата професија. Брзиот развој на технологиите и постојаните промени во дигиталниот маркетинг значи дека секогаш има нешто ново да се научи. Личниот развој и постигнувањето на нови цели и вештини ме инспирираат да продолжам да учам и да се усовршувам.

Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.