Една од најкреативните професии во дигиталното време е дигиталниот маркетинг. Тоа претставува спој на креативност, играње со идеи, бои, стилови, текст, brainstorming. 

Под полето на маректинг спаѓаат неколку позиции како: Marketing Specialist, Marketing Analyst, Brand Strategist, SEO Specialist, Account Manager и слично. Денес ќе посветиме малку повеќе внимание на последната, Account Manager.

Подетално за оваа позиција ќе ни објасни нашиот алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, Нино Војновски кој одлучил дека полето на дигитален маркетинг е одличен избор за негова кариерна транзиција. Тој работи како Account Manager во агенцијата Idea Lab која се занимава со PR и маркетинг услуги.

Во прилог прочитај повеќе за успешната транзиција на Нино!

Која е твојата позиција во Idea Lab? Кои се обврските на еден account manager?

Мојата работна позицијата е Account Manager. Обврските кои се зададени за таа позиција се:

  • Водење на активности за клиентите со месечен/годишен договор.
  • Давање на предлози и идеи за промоција на клиентите.
  • Одржување на средби и состаноци за презентирање на предложените идеи, како и за договарање на идни активности.
  • Водење на финансиска состојба за клиентите,проектите, репортирање до одговорните лица за реализација на трошоците засебно за секој клиент.
  • Водење на профилите на клиентите, креирање на комуникациски стратегии за социјалните мрежи, сликање на производи за социјални мрежи во координација со агенцијата или надворешни соработници, изработка на комуникациски планови и останато… 

Зошто се одлучи за професија на полето на маркетинг?

Работата на полето на маркетинг е многу креативна и секој ден е различен и динамичен. It’s a never ending learning journey, секојдневно учиш нови работи и стекнуваш искуство кое го добиваш во соработка со различни клиенти.

Зошто ја избра академијата за дигитален маркетинг?

Направив добро истражување за тоа кој „занаети”/професии би биле најисплатливи и најбарани во наредните 10 години. При моето истражување највеќе ме привлече дигиталниот маркетинг и сѐ почна така.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за дигитален маркетинг


Со кои предизвици се соочуваш во твојата кариера?

Најголемиот предизвик ми беше да се навикнам на нова работа средина со комплетно нова материја, особено бидејќи сум немал контакт со таа сфера. Зад мене имам 13 годишно работно искуство во ОКТА , но благодарение на целиот тим од Idea Lab предизвиците се совладуват многу брзо и лесно.

Што е она што ти дава мотив да се надградуваш себе си и да вложуваш во себе?


Мојот мотив е да бидам најдобрата можна верзија од сам себе за подобро утре.
Мислам дека мојата желба за успех е тоа што ме тера да „буткам”  понатаму и да се надградувам сам себе. Сепак доколку не вложуваш во себе нема да го имаш потребното „оружје за битките “ кои што те чекаат. 

Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА