Мартин Мартиновски е алумни од нашиот Буткамп за дигитален маркетинг којшто реши да направи кариерна трансформација, да се стекне со потребните дигитални вештини и да започне да гради кариера во една од најбараните професии на денешницата. По завршувањето на овој Буткамп, Мартин својата кариера како дигитален маркетер ја започна во ВидиВака.


Поразговаравме со Мартин за почетокот на неговата кариера како маркетер и искуството на Буткампот.

 

Здраво Мартин 🙂! За почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе!

Здраво дечки! Јас сум Мартин, имам 31 година, роден сум и живеам во Скопје. Многу сакам книги и винил плочи, а воопшто не сакам кога Вардар треба да падне во втора лига. Средно завршив во „Раде Јовчевски Корчагин“ а дипломирав на Економски факултет – Скопје, на департман сметководство и ревизија и никогаш немам работено по струка. 

 

Каков беше твојот кариерен пат до моментот на запишување на овој Буткамп? Што беше она што те натера да ја избереш токму оваа дисциплина?

Моите претходни работни искуства немаа поврзаност со маркетинг, што како професија ми изгледаше одлично, па затоа одбрав тоа да го изучувам токму во Brainster. Имено, работењето во осигурителна и авионска компанија, не беше ни слично на ова што го работам денес. Искуствата и приказните на претходните студенти на Brainster ми ја дадоа потребната сигурност дека нема да погрешам и со скратената програма, па во интерес на времето го одбрав овој Буткамп.

 

Започна со работа како Junior Digital marketer во ВидиВака, честитки за твоето вработување! Како ти е на новата работа позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа?

Благодарам за честитките! Работата во ВидиВака ми помогна да сфатам дека светска атмосфера на работа има и кај нас во Македонија. Одврзаните раце за креативност и можноста за вклучување е она што најмногу ми се допаѓа. Дополнителен позитивен дел е што има можност за учење и надградување пред сѐ во сопствениот сектор, како и во останатите делови од продукцијата и новинарството.

 

Како Буткампот за Дигитален маркетинг ти помогна во овој процес?

Вештините и знаењата кои ми беа пренесени од страна на инструкторите на овој Буткамп ми ја покажаа големата слика за маркетингот и буквално ме пуштија во океанот на оваа дејност, која не ти дава да потонеш, напротив те тера да пливаш напред сѐ до успехот. Истите овие вештини беа и оние кои ги задоволија критериумите да се вработам во ВидиВака.

 

Што би им порачал на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

Силно ги охрабрувам оние на кои им се враќаат нозете назад кога одат на работа, уште денес да ја донесат одлуката за промена бидејќи нема ништо подобро од тоа да го сакаш она на кое трошиш една третина од денот. Нема да знаат како е тоа ако не направат промена. 

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!