Алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, бруцош и практикант во компанијата BlockIA Labs. Тоа е Емилија Маринковска. Млада, мотивирана и посветена студентка која се бори за да ги оствари своите соништа!

BlockIA Labs e моменталното работно место на Емилија каде таа ја има улогата на практикант од областа на маркетинг. Станува збор за естониска компанија која се занимава со обезбедување услуги за Emerging Technology Services за мали и средни претпријатија и стартапи во финансискиот сектор, фокусирајќи се на иновации како што се генеративна вештачка интелигенцијa.

Емилија неодамна ја заврши академијата за дигитален маркетинг, која како што вели таа е остварување на сонот на 15-годишната Емилија. Како се појавила желбата на Емилија за работа на полето на маркетинг, зошто таа смета дека Brainster e вистинскиот избор за неа, продолжи да читаш и откриј!

Која е твојата позиција во компанијата BlockIA Labs?

BlockIA Labs е компанија која е сѐ уште стартап, а јас сѐ уште се водам како практикант, па така можам да кажам дека сум на сите позиции од маркетингот, но највеќе сум посветена во креирањето на содржина. Моментално ги подготвуваме сите потребни објави и правиме кампањи кои сакаме да се пласираат, па наскоро почнуваме со повозбудливите работи.

Кои се обрвските на еден дигитален маркетер?

Јас го делам маркетингот на 2 типа: The analytics one и the creative one. Па затоа во зависност од тоа кој дел го имате избрано така се делат и обврските. Во компанијата во која што сум, јас го држам креативниот дел, па така мои обврски се да пишувам и смислувам постови, да правам и реализирам кампањи, да правам маркетинг стратегии, да пишувам мејлови и да следам и истражувам што се случува во tech светот за да можам да напишам еден newsletter. Секако за сега ги делам овие обврски со мојот колега кој исто така е дигитален маркетер, но аналитичар. 


Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на Академијата за дигитален маркетинг!


Како се одлучи за работа во полето на маркетинг и за академијата на Бреинстер за дигитален маркетинг?

Маркетингот јас го следев уште од мои 15 години и за него дознав од Тикток. Кога првпат се запознав со таа професија знаев дека е нешто кое што го сакам и ќе го сакам во иднина. Тоа беше љубов на прв поглед. Иако учев медицина во средно, знаев дека мора да сменам нешто, па така почнав да барам курсеви и факултети за маркетинг. Тогаш другарка ми ме запозна со Brainster и од тогаш ги заследив на инстаграм. Објавите ми беа многу интересни, па кога ги читав блоговите за Dream Team студентите се надевав дека еден ден и јас ќе бидам избрана. Помина долго време од кога ги заследив, гледав успешни приказни, гледав видеа на Јутјуб кои ги имаа снимано некои од инструкторите на Brainster. Навистина сум среќна што ја избрав оваа Академија затоа што, сѐ што како 15 годишно девојче сонував, ми се исполни.

Со какви предизвици се соочуваше за време на изучувањето на академијата?

Во текот на академијата се соочував со многу предизвици на кои работев и сама и во групи. Имавме многу реални проекти и домашни задачи, со одреден рок за изработка секако и со одреден рок за презентирање на решенијата. Најголем предизвик ми беше тоа што се трудевме сите проекти да ги направиме најуникатни и да ги задоволиме желбите на клиентите за да нашиот проект биде избран како најдобар. Мене искрено ниеден предизвик не ми беше пречка, ниту тежок бидејќи кога уживаш во нешто, не го гледаш како стоп или пречка. Во тој период со сигурност кажувам дека се водев по мотото:  Only the sky is my limit.

Како би ги советувала сите кои сакаат да започнат кариера на полето на маркетинг?

Единствено што можам да кажам е:  доколку сте сигурни за оваа професија не чекајте и запишете се на академијата одма, затоа што љубовта кон една професија не може да чека. Ќе видите и сами дека ќе биде најдобрата одлука која што ја имате направено.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.