Овој текст е дел од серијата 52 бесплатни лекции за Дигитален маркетинг напишани од експерти. Регистрирај се и добивај по една лекција неделно, директно во твоето e-mail сандаче.

Луѓето од онлајн маркетинг сферата се убиваат од работа за да стигнат до првите резултати на Google пребарување. Низ годините, се користени многу black hat и white hat техники за оваа цел. Значи, сериозна е работата!

Добро SEO е тоа што може да те качи на врвот. SEO (Search Engine Optimization) е оптимизација со цел зголемување на квантитетот и квалитетот на сообраќајот кон одреден веб-сајт преку органско пребарување. Да, знаеме дека ти знаеш што е SEO. Но, дали целиот твој маркетинг тим знае што е SEО? Статистиката покажува дека 80% од вработените во маркетинг компании кои треба да знаат SEO, всушност не знаат. Провери дали и твоите вработени се дел од овој процент, а ако се, преземи нешто и промени го тоа.

За да знаеш дали си на добар пат и дали твојот тим знае што прави, постави си ги следните прашања:

1. Дали знаеш што точно твојот тим работи во текот на месецот?

Треба во секој момент да знаеш кои се работните задачи на твојот тим. Може да имаш план на дневно или на неделно ниво. Постојат многу алатки со кои можеш да ги следиш активностите. Можеш и да побараш извештај за сработената работа. Во секој случај мора да бидеш во тек со нивните активности. Aко не знаеш што твојот тим работи во текот на месецот, имаш проблем.

2. Дали твојот тим редовно ти доставува извештаj за рангирање според клучни зборови?

Извештај за рангирање според клучни зборови кога се зборува за дигитален маркетинг е must. Тој извештај ти е неопходен за подобрување на маркетинг стратегијата. Мерење на резултатите е огромна предност што ја овозможува дигиталниот маркетинг, па не е многу паметно да не се искористи. Плус, ако тимот знае SEO, мора да знае и како да ги прави овие извештаи. А како ќе знаеш дека знае, ако не ги добиваш? Пребарувањето по клучни зборови е една од главните карактеристики на SEO.  Ако твојот тим не ти доставува извештаи за рангирање според клучни зборови, имаш проблем.

seo

3. Дали твојот тим зборува за контент маркетинг и потребата од контент маркетинг на твојот сајт?

Контентот е еден од најважните елементи во маркетингот. Ако немаш добар контент, исто како да немаш ништо. А што е добар контент? Тимот мора да разговара за ова, да споделува идеи и најважно – да знае која е потребата и да се стреми кон креирање и споделување квалитетна содржина. Ако твојот тим не зборува за контент маркетинг и потребата од контент маркетинг на твојот сајт, имаш проблем.

4. Дали создавате и објавувате нов, информативен, релевантен контент секој месец?

Дали ти се има случено цел месец ти и твојот тим да немате споделено нова содржина? Се надеваме не. Колку нови содржини имате објавено со твојот тим во последните 90 дена? Посетителите сигурно сакаат да читаат нешто поврзано со твојот бизнис. Дури и да немате по x број на објави во денот, важно е да создавате што е можно повеќе содржини, кои ќе бидат релевантни, нови и информативни. Тимот мора да е свесен за тоа. Ако твојот тим не создава и објавува нов, информативен, релевантен контент секој месец, имаш проблем.

Се надеваме дека после овие прашања сфати дека ти и твојот тим сте во тие 20% кои знаат што прават.

 

 

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!