Томи Блажев, студент на Академијата за дигитален маркетинг, ги освои КинеМое со неговото целосно решение за контент стратегија. Неговиот пристап кон оваа проблематика беше избран за победнички! 🏆

Како дел од контент стратегијата, реалниот клиент имаше и дополнителни цели кои овој проект требаше да ги адресира, меѓу кои и:

  • генерирање лидови и boost-ање конверзија
  • подобрување на brand awareness-от и зголемување на следбениците на социјалните мрежи
  • проширување на пазарот

Прочитај како Томи Блажев успешно го сработи проектот и ги совлада сите предизвици и во моменти кога се соочи со не-толку-познатото!

Томи Блажев Brainster

Ние те знаеме, но кратко био за читателите за тоа кој е Томи.

Здраво дечки! Јас сум Томи, имам 27 години. Професионален Бартендер, кој прави моментално кариерна промена и сериозно навлегува во светот на маркетингот. За себе можам да кажам дека сум креативна и амбициозна личност, бидејќи секојдневно сакам да се надоградувам и да учам нови работи. Со таа цел и сум овогодишен студент на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Причината за запишување на академијата е желбата да ја пренесам својата креативност во дигиталниот свет и да излезам од комфор зоната.

Како се чувствува еден студент кој пред себе има задача да изработи цела проектна спецификација?

Во моментот кога дознав дека е потребно да се изработи реален проект за реален клиент, како што е КинеМое, почуствував огромна мотивација и предизвик. Тоа ме поттикна да го дадам својот максимум, со цел да изработам проект кој ќе ги задоволи пред сѐ потребите и желбите на клиентот.

Brainster real project
Brand колор палета

Која цел и какви барања имаше за задача да исполниш? Дали на почеток ти изгледаа предизвикувачки?

Контекстот на проектот беше да се изработи контент стратегија за клиентот, а мојата цел беше да им го понудам најдобротo решение. Ги искористив моите добро совладани вештини што ги стекнав од предавањата на академијата благодарение на моите ментори. Како дел од вештините кои ми го олеснија процесот на изработка се: добра организација, креативност, прецизност, поттик за постојано истражување и анализа на пазарот.

Томи Блажев Brainster
Дефинирање целна публика

Како изгледа процесот на работа на реален проект? Што доаѓа прво, што во средина, а што последно?

Процесот на работа на реален проект е сериозна обврска која бара посветеност и прецизност. Можам да кажам дека со добра организација на времето на работните задачи и дисциплина, крајниот резултат ќе биде и повеќе од одличен. Јас на самиот почеток, детално се запознавам со брендот и неговите карактеристики. Потоа, целосно се посветувам на клиентот, истражувам, се информирам, добро анилизирам и размислувам како сите тие идеи да ги пренесам на “лист хартија”.


Ко-инвестираме со нашите партнери за вработување и доделуваме 100 ваучери од 1000€. Инвестирај во иднина што ќе ти донесе вработување – Аплицирај на Brainster+ Академијата за дигитален маркетинг за твојот ваучер!


Како поддршката од менторот ти помогна во процесот на изработка на овој проект?

Поддршката од менторите за нас студентите е од големо значење. Тие несебично ни го пренесуваат сето своето знаење, за да можеме ние да ги постигнеме најдобрите резултати. Можам слободно да кажам дека во периодот на изработка на проектот, менторите беа достапни 24/7. За секое мое прашање или проблем, тие ми го даваа нивниот совет. Голема благодарност до нив 😊

Brainster real project
Комуникациски план

Кој дел ти беше најпредизвикувачки, вистински head scratcher, и што направи за да го надминеш?

Како дел кој ми беше вистински head scratcher е моментот кога беше потребно да се направат мокапи за потребите на клиентот, а притоа јас немав доволно познавање во таа област. Но сепак, со истражување и комуникација со менторите, успеав да го надминам и тој предизвик.

За крај, која вештина би ја издвоил како нешто ново со кое што се стекна?

Искрено е тешко да се издвои една-две вештини затоа што сметам дека во текот на изучување на маркетингот како материја, сите студенти учиме безброј нови работи. Но доколку морам, би ја издвоил аналитичноста како вештина што ја стекнав во процесот на изработка на проектот.

За крај, Томи Блажев сподели една порака со сите нас:

“Impossible is a word used by some people who fear to DREAM BIG!”

Како до 1.000.000€? 🤫