Студентите на Академијата за дигитален маркетинг постојано работат на реални проекти за реални клиенти, а со тоа имаат можност да ги искористат сите новостекнати знаења и вештини од областа на дигиталниот маркетинг во пракса.
Последниот проект на кој тие работеа беше креирање на бренд стратегија за клиентот ChiaDia.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тимот составен од членовите: Диме Николов, Тамара Паланковска, Викторија Димкова, Катерина Ефтимова и Миле Рогоњиќ.
Во продолжение си поразговаравме со победничкиот тим
Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе?
Викторија: Основач сум на мал бизнис кој сакам да го качам на повисоко ниво, па решив дека дигиталниот маркетинг е вистинското место за мене. Голем креативец сум, па со секоја нова идеја се надминувам самата себе.
Диме: Јас сум Диме, дипломиран економист по маркетинг и менаџмент. Со 10 години искуство во областа, се сметам за доста креативен, амбициозен со лидерски способности. Сакам нови предизвици, обожавам да гледам филмови, фамилијарен човек.
Тамара: Здраво, јас сум Тамара и имам 23 години, неодамна дипломирав психологија. Се сметам како позитивна, љубопитна и упорна личност, секогаш спремна за учење нови работи. Обожавам да читам книги и да патувам.
Катерина: Се сметам себеси за доста динамична и жива личност – нема крај на мојата љубопитност. На моите 20 години имам искуство во повеќе професии и полиња, зборувам повеќе јазици и обожавам да патувам. Со тоа си ги проширувам хоризонтите, па решив да „не губам време“ и да го искористам тоа стекнато искуство почнувајќи со градење на кариера во маркетинг.
Миле: Јас сум Миле Рогоњиќ, имам 24 години, студент на Факултетот за детективи и безбедност, можам да кажам дека сум личност која сака да го надградува своето знаење во повеќе сфери, па така се запишав на Академијата за дигитален маркетинг бидејќи навистина има многу работи кои би ми биле од големо значење во она што сакам да го постигнам.
Како дел од Академијата за дигитален маркетинг, имавте задача да изработите проект за клиентот ChiaDia. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини?
Викторија: Прво, најголема помош имавме од нашиот ментор кој беше 24\7 тука за нас. Научивме многу нови вештини што не сме ги знаеле досега, кои ги искористивме.
Диме: Најинтересно беше што работевме онлајн по цели часови и ја осетивме моќта на интернетот и дигитализацијата која ни претстои. Ги развив вештините за комуникација, тимска работа и довербата пред сѐ.
Тамара: Да се биде дел од оваа група за овој проект беше фантастично искуство за учење. Наместо само да читам за тоа, морав да се фрлам на вистинска работа. Исто така, ме натера да ги прилагодам моите вештини и размислувања, за да ги исполнам потреби на клиентот.
Катерина: Овој проект беше вистинска одлика на тоа што значи да се работи во тим и „to enjoy the fruits of our labour“. Да го делиш подиумот не е лесно, поготово кога имаш милион идеи. Сепак, нашата тимска работа доведе до тоа да бидеме избрани – тоа е најголемата лекција и најголемиот доказ дека тимска работа е вистинскиот одговор за вакви предизвици.
Миле: Работа на реален проект за реален клиент беше прво искуство за мене и навистина голем предизвик, но од голема помош ми беа студентите од мојата група кои навистина се трудеа за овој проект, и тоа за мене беше мотивација и од голема помош да ги развијам моите вештини најдобро што можам.
Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него?
Викторија: Првично ги слушнавме потребите на клиентот, потоа ја истраживме конкуренцијата на пазарот и за крај ја искористивме нашата креативност. Секој имаше различна идеја и гледна точка како би требало да постапиме, но сите заедно како тим дискутиравме и донесовме едно решение со кое сите бевме задоволни.
Диме: Идејата и самата замисла уште на старт ни беше дека женските имаат одличен продукт, но дека нешто недостасува, а тоа е маркетинг. Така заедно увидовме каде се слабостите на ChiaDia и заедно работевме на подобрување на маркетинг стратегијата на ChiaDia којашто резултираше со победа.
Тамара: Целта беше да се направи маркетинг стратегија за ChiaDia, за да се подигне свеста за овој бренд. Севкупно, проектот беше мешање на креативност со стратешко размислување за, не само да се зајакне онлајн и офлајн присуството на ChiaDia, туку и да се создаде значајна врска со нивната целна публика.
Катерина: Клучната идеја беше да створиме маркетинг стратегија и материјал за нашиот клиент, кој ќе ги одвои и ќе ги направи уникатни на пазарот, а воедно и ќе ги задоволи нивните барања од нас како маркетери.
Миле: Доста интересен проект за кој навистина требаше многу креативност и упорност бидејќи клиентот ни посочи на брифот дека треба да обрнеме најмногу внимание за социјалните мрежи, посебно за ТикТок. Со што секој од нас имаше интересни и креативни идеи кои ни помогнаа да изградиме добра маркетинг стратегија и на крај да го имаме и победничкото решение.
Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете?
Викторија: Работевме минимум по 3 часа на ден вклучени сите заедно, го испитувавме пазарот и содржината која се поставува на одредена социјална мрежа за да можеме да го претставиме продуктот. Целта беше да спроведеме решение за клиентот, но сепак да се издвојуваме од останатите групи.
Диме: Работевме напорно скоро секоја вечер, се состанувавме, кој после работа, кој после обврски. Уште на старт кога ја креиравме групата на социјалните мрежи нашата цел беше да победиме, со цел подобрување на маркетинг стратегијата на ChiaDia, се до нејзина поголема продажба на пазарот.
Тамара: Процесот вклучуваше секојдневна соработка помеѓу нас како тим. Започнавме со темелна анализа за ChiaDia и идентификувавме области за подобрување. Нашата главна цел беше да ја зголемиме свесноста за брендот и да го издвоиме овој бренд од другите.
Катерина: Секојдневната кореспонденција помеѓу нас како тим ја играше најголемата улога во изработување на овој проект. Секој имаше индивидуални перспективи и придонесуваше на различни аспекти – токму тоа е причината зошто имавме целокупно добро изработен проект. Главната цел ни беше да најдеме „the silver lining“ помеѓу класично добра и up-to-date, модерна маркетинг стратегија којашто ќе донесе до позитивни резултати.
Миле: Секој ден напорно работевме на овој проект и секој од нас имаше некоја задача, така што сите учествувавме во одвивањето на процесот. Како наша цел беше уште на почетокот да го имаме ние победничкото решение што на крајот и заслужено ни се оствари.
Кои беа вашите задачи при креирање на оваа маркетинг стратегија?
Викторија: Уште на почетокот секој почна да го работи оној дел во кој има најголеми вештини, онаму каде што некој ќе заглави се вклучувавме сите и доаѓавме до едно решение.
Диме: Секој си имаше свој дел од работата. Истражување на пазарот и целна група, позиционирање на брендот, Bayer Persona, традиционален маркетинг, дигитален маркетинг, канали и слично.
Тамара: За креирање на оваа маркетинг стратегија би рекла дека беше заеднички напор каде што сите се вклучувавме во сѐ. Убавината на нашата тимска работа беше што постојано се поддржувавме, разменувајќи идеи, учевме едни од други, имавме редовна комуникација и хумор.
Катерина: Би рекла дека сите беа вмешани во сѐ по нешто. Секако, има некои кои имаат поразвиени технички способности, некои кои имаат поразвиени способности за пишување и развивање на приказна. На крај, меѓусебната критика ни дозволи сите да имаме еднакво влијание меѓутоа и да научиме по нешто едни од други.
Миле: Секој од нас имаше некоја различна задача и го работеше она што најдобро го знаеше.
Какво беше чувството да работите на еден ваков проект?
Викторија: Прекрасно искуство кое во иднина ќе ни отвори многу нови соработки.
Диме: Прекрасно чувство, предизвик, но во исто време и задоволство. Тимска соработка, комуникација со сериозен клиент, а во исто време работа и учење коешто во иднина ќе ни го отвори патот.
Тамара: Работењето на проектот беше неверојатно искуство. И покрај сите потешкотии задоволувачко е да се види како проектот успешно се разви и тимската работа го направи целокупното искуство исполнето.
Катерина: Сметам дека имаше моменти во коишто ни беше тешко да најдеме одговори, но баш тоа е тоа што ни треба – тренинг или симулација што нѐ спрема за реалниот работен свет во оваа индустрија. Кога го видов крајниот продукт сфатив дека трудот се познава, се цени и вреди. Тоа ќе остане клучен момент и мотивација за мене во текот на оваа Академија, па и во мојата кариера понатаму.
Mиле: Како што кажав ова беше за мене прво искуство да работам на ваков проект, на почетокот малку се чуствував уплашено дали би можеле да го постигнеме она што се бара од нас, но со текот на времето и тимската работа успеав да го совладам стравот и да го дадам најдоброто од себе.
Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете?
Викторија: Па секако дека имаше моменти кога се сомневавме дали е доволно добро, но сепак го дадовме нашиот максимум, а и овде сме за да учиме едни од други.
Диме: Да, се појавија, имаше сомневања во одреден период, но потсвесно сите знаевме дека ни сме Dream Team-от.🙂 Ги надминавме кога еден од нашите учители кажа дека досега вакво нешто нема видено, мислејќи позитивно.
Тамара: Најголем предизвик ни беше новоста на оваа работа, затоа што ова беше првпат за сите да работиме на вистински проект со вистински клиент. Исто така, имавме сомнеж дека содржината не е доволно добра, но редовната тимска комуникација ни овозможи да споделуваме идеи и да се справиме со несигурносите, исто така одржувавме „психолошки сесии“ да се бодриме едни со други.
Катерина: Мислам дека најголем предизвик беше неизвесноста затоа што ова беше првпат за сите нас да работиме на проект од овој тип – реален со клиент. Секако дека ние се потрудивме до максимум, но имаше моменти на сомнеж и несигурност во квалитетот на нашата содржина за маркетинг стратегијата.
Миле: Имаше доста предизвици во текот на работата на проектот, но со голема посветеност и тимска работа, успеавме да ги надминеме предизвиците.
Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?
Викторија: Бидејќи маркетингот е насекаде околу нас и за да започне било каков бизнис ви треба добра маркетинг стратегија, а доколку вашите вештини и креативност ги споите и искористите на вистинскиот начин ќе се издвојувате од останатите.
Диме: Моќта на дигиталниот маркетинг, иднината која претстои, се чувствувам релаксирано кога работам дигитален маркетинг… На крајот на денот „сѐ е во маркетинг“.
Тамара: Отсекогаш уживав во креативната страна на маркетингот. Комбинирањето на креативноста со психологијата во дигиталниот маркетинг се чини како совршен начин да се направи значајно влијание, и тоа е она што ме мотивираше да се занимавам со оваа кариера.
Катерина: Отсекогаш сум имала афинитет за медии и тоа што тие го постигаат – имено, тие го оформуваат нашето општество и текот на настаните во истото. Целта ми е да имам влијание врз тоа и да играм улога во обликувањето на сегашноста. Актуелно, индустријата за дигитален маркетинг е една од најрелевантните, поточно сѐ е маркетинг, па така одлучив да почнам да се едуцирам во таа област и да почнам да навлегувам длабоко во системот.
Миле: Најмногу ме мотивираше застапеноста на дигиталниот маркетинг во денешно време и можностите кои ги нуди за работа и за започнување на сопствен бизнис.
И за крај, најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?
Викторија: Најважна лекција за мене може да се каже е тоа што менторите нѐ пуштаат да згрешиме, ни даваат доволно време да размислиме и да се поправиме, а тоа ќе ни помогне во иднина да бидеме едни од најдобрите маркетери.
Диме: Правење стратегија за било што, анализа на податоци, мерење на резултати, креативност.
Тамара: Истражувај, истражувај, истражувај. Секогаш прашувај, не постојат глупи прашања.
Катерина: Не признавам пораз со тоа што бројам до 5, размислувам минута-две повеќе и правам пауза за анализа. Напротив, рефлектирањето, прифаќањето туѓи мислења и критики, смиреното разгледување на околностите и прашањата ме наоружуваат/опремуваат подобро како маркетер.
Миле: Како најважна лекција која ја научив од предавањата е тоа дека треба навистина многу труд и упорност да ја постигнеш посакуваната цел.
Со новата Brainster + Академија за дигитален маркетинг за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата во дигиталниот маркетинг.
Аплицирај на Академијата за дигитален маркетинг и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+