Упорна, амбициозна и секогаш желна за учење и соработка со колегите се дел од зборовите кои можат да ја опишат Моника Драгојловиќ, алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг кој по завршувањето на академијата започна со работа во маркетинг агенцијата SignUp Digital како Account Manager.
Прочитај повеќе за тоа како Моника за помалце од една година започна нова кариера во дигиталниот свет:
Моника, најпрво честитки за успешно завршената Академија и новата работна позиција во SignUp DIgital🙂 За почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе?
Најпрво, благодарам за честитките ☺ Јас сум Моника, 30 години и имам дипломирано на Правниот факултет насока политички науки. Сепак, никогаш немам работено нешто во таа бранша, а од неодамна станав дигитален маркетер.
Како се појави желбата за дигитален маркетинг?
Желбата за дигитален маркетинг кај мене се јави минатата година кога започна целата ситуација со корона вирусот. Тогаш се решив дека би сакала да ја сменам својата кариера и да стекнам нови дигитални вештини. Некое време барав и читав повеќе околу различни професии кои се барани на пазарот, па на крајот се решив за дигитален маркетинг. Сфатив дека тоа е идеална професија за мене бидејќи е доста динамична и креативна.
Започна со работа во SignUp Digital како Account manager. Како ти е на новата работна позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа? Како изгледа еден твој работен ден?
Точно, пред неполн месец започнав со работа во Sign Up и навистина сум задоволна од мојата нова позиција. Сеуште се ми е доста ново па се обидувам да се адаптирам што подобро и секако имам доста работи за учење.
Атмосферата е одлична, а денот ми започнува со кафе и читање меjлови. Потоа, разговараме и се координираме за работните обврски кои треба да ги завршиме во текот на денот. Како account manager моите обврски се комуникација со клиентите, да ги разберам нивните барања и сето тоа да го пренесам на тимот, со цел да создадеме соодветни маркетинг стратегии.
Работата на реален проект е директно преточување на теоретските знаења. Со искуството од практичната работа на проектите за време на Академијата, колку се чувствуваш спремна да одговориш на новите предизвици што ќе ги имаш на секојдневно ниво во SignUp DIgital?
Дефинитивно реалните проекти се многу важни, бидејќи само теоретско знаење не е доволно. Можам да кажам дека тие навистина ми помогнаа да стекнам одредено искуство во маркетингот, но влијаеше и во зголемувањето на мојата самодоверба да знам дека навистина можам да одговорам на дадените работни обрски.
Кој модул ти претставуваше најголем предизвик?
За мене најголем предизвик беше промената во кариера. Самиот факт да започнам да учам нешто за кое предходно немав никакво познање беше предизвик само по себе. Но откако полека навлеговме во основите на дигиталниот маркетинг, можам да кажам дека работите си легнаа на свое место. Сепак, од модулите би го извоила SEO како е еден од најголемите предизвици во текот на предавањата.
Најбитна лекција што ја научи на Академијата?
Можеби најважната лекција што ја научив е секогаш да бидам љубопитна, да истражувам и да учам бидејќи дигиталниот марктинг е професија која постојано се менува и е многу динамична. Тоа што важело денес, утре може да не е релеватно. Од друга страна, и покрај промената на технологиите, дигиталниот маркетинг е насочен кон потребите и желбите на потрошувачите па тоа секогаш треба да биде во фокусот на маркетерот.
Дали Академијата за дигитален маркетинг ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја постигнеш твојата цел?
Академијата за дигитален маркетинг беше одлично искуство за мене. Навистина не очекував дека во толку краток период од 6 месеци може да се направи тотална промена во кариерниот пат, а тоа впрочем и беше мојата цел.
Три зборови кои те опишуваат или пак како би те опишале твоите колеги?
Би сакала да мислам дека моите колеги, пред се ме сметаат за тимски играч. Сметам дека добрата комуникација меѓу колегите е клучна за да се извршат работните задачи и да се постигнат саканите резултати. А покрај тоа, јас себеси би се опишала и како амбициозна и позитивна личност, секогаш си поставувам одредени цели во животот. Дефинитивно слаба страна ми е организираност хаха.
За крај – твоја препорака до сите оние кои што размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетингt?
Дечки, независно дали сте заинтересирани за дигитален маркетинг или пак за некоја друга кариера-cекогаш вреди да инвестирате во вашето образование, а дефинитивно нема да погрешите доколку се решите за академиите на Brainster. Верувам дека никогаш не е доцна за кариерна промена, а со труд и работа ќе си дојдат и посакуваните резултати.
Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Аплицирај веднаш и започни со учење во октомври!