Brainster+ Академијата за Дигитален Маркетинг го зголемува портфолиото на вештини кои ќе те истакнат на пазарот на трудот – од овој Јуни, на академијата ќе се учи и модулот LinkedIn Ads.
Мартин Анѓелкоски од Netcetera, Talent & Digital Marketing Specialist, се приклучува на нашиот тим од експерти од индустријата и доаѓа да го пренесе неговото искуство во LinkedIn Advertising и ефективното искористување на оваа алатка во креирање кампањи кои даваат резултати!
Кој е Мартин на работа, како ги балансира часовите поминати на разни екрани, како LinkedIn се разликува од другите ads платформи, дали е team paid или team organic, и што мисли за „најжешката тема“ – AI, ќе ти откриеме тука.
Мартин, претстави нѝ се. Кој е Мартин?
Мартин е самоук дигитален маркетер кој веќе ја почна својата 6-та година стаж во овој чудесен, чудесен свет (без копирајт, молам 😅), и работи како Talent & Digital Marketing Specialist во Netcetera.
Во приватен живот сум outdoors тип на човек за да ги балансирам саатите поминати пред разно-разните екрани, активно се грижам за себе и менталното здравје, преку што почести престои во природа со некое од моите друштва, и овој период од животот го посветив на повторно откривање на себеси преку нови искуства – што за среќа ме донесе тука, во тимот на Brainster 😊
Што те инспирираше да се специјализираш во LinkedIn Ads?
LinkedIn е платформа со која бев во допир од првиот работен ден како дигитален маркетер, и гледајќи назад, навистина ми е мило што платформата ја прифатив како нешто перспективно и вредно за „апсолвирање“.
Работев во компанија чија примарна дејност беше креирање и разработување на personal branding за професионалци на LinkedIn, па во склоп на услугите нудевме и LinkedIn Advertising. Знаењето што го стекнав таму успешно го употребував и во следната работна средина, и активно продолжувам со работа на Ads кампањи и во Netcetera.
Campaign Manager-от на LinkedIn е навистина интуитивен за користење и бидејќи брзо се совладува, брзо и се преминува на процесот на експериментирање со кампањи кој на мене ми служеше и како инспирација да продолжам кон специјализирање.
Според тебе, какви карактеристики треба да има еден маркетер за да стане LinkedIn специјалист?
Мојот краток одговор на прашање кое нема краток одговор 😁 Постојат различни LinkedIn специјалисти – content, copy, personal brand, advertising, design… Исто како и за сите социјални медиуми, со главна разлика што LinkedIn најчесто се користи за B2B и B2B2C комуникации, а многу поретко за B2C. Имајќи го во предвид тоа, сметам дека афинитет кон B2B комуникации е голем плус во совладувањето на сите аспекти на LinkedIn.
LinkedIn доживеа доста голем BOOM во изминативе години. Спред тебе, кои се главните разлики помеѓу LinkedIn и другите advertising платформи како Facebook и Google?
Иако и LinkedIn и останатите ads платформи се full-feature платформи со напредни алгоритми за таргетирање, за главна разлика (покрај енормната разлика во цената на рекламирање) го сметам начинот на прибирање на податоци за таргет групите. Meta и Google ads тоа примарно го прават преку следење на активностите на своите корисници и создавање на „шеми“ на однесување, додека LinkedIn примарно го прави тоа врз база на информации кои корисникот ги внесува на својот профил.
Paid vs Organic? Кој ќе победи?
Ух, ова е борба во која сум и лично растргнат. Како маркетинг креативец, секогаш притискам за органски раст, но забележуваме дека социјалните мрежи сѐ повеќе притискаат кон платен раст. По секое трето стори на Instagram имаме две сторис со промовиран материјал, секој трет пост на LinkedIn е промовиран пост и така натаму, а нашиот attention span е сѐ пократок, поради што често пропуштаме да стигнеме до квалитетните органски содржини. Затоа, креирајте содржини за organic, но не исклучувајте и да „помогнете“ на содржината со некаков тип на промоција.
Што значи LinkedIn Social Selling Index (SSI) и колку е важно за еден бренд?
SSI е всушност комплициран начин на објаснување колку сме активни и посветени на LinkedIn и промовирањето на нашиот бренд 😁 На кратко, SSI ги следи и мери следните наши активности:
- Колку комплетиран е нашиот профил и колку активно објавуваме постови;
- Колку конекции имаме во нашата мрежа и колку ретко/често луѓето ги прифаќаат нашите понуди за поврзување и колку комуницираме со истите;
- Колку често правиме напредни пребарувања на Sales Navigator компонентата на LinkedIn (многу корисна алатка за сите salespeople за пребарување на компании и профили) и интеракцијата со профилите и компаниите кои ги наоѓаме;
- Колку многу и колку често нашите објавени содржини се споделувани од другите, колку engagement, impressions и споделувања имаат нашите објави, во колку и во кои групи членуваме, и така натаму.
Како што гледаме, ова е една силна компонента од social selling процесот, и што повеќе сме посветени, постои поголема шанса нашиот бренд да стигне до што повеќе очи и уши 🙂
Колку и дали е content или copy важно за успешноста на една LinkedIn кампања?
Како и секогаш на сите ads платформи, quality content/copy is king. Дури и ако сме најдобрите мајстори во склопување на идеалниот таргет, ако содржината која ја рекламираме не може да го привлече и задржи вниманието на нашата публика, само фрламе ресурси во ветер.
Мојот стил на пишување на copy/content е базиран на откривање на главните проблеми со кои се соочува мојот идеален таргет, како и начините на кои најлесно тој таргет конзумира нови содржини.
Потоа, комбинирајќи ги откритијата, се обидувам во пораката да им објаснам како можам да им помогнам на начин на кој најдобро би ме разбрале.
Колку мислиш дека маркетинг професиите ќе се менуваат во иднината? И што е the next big thing in marketing?
За мене, двете прашања се поврзани, а ги поврзува „најжешката“ тема во моментов – artificial intelligence. Иако не сакам да верувам дека AI ќе нѐ замени сите, дефинитивно ќе мораме да се приспособиме на нејзиното присуство.
Сметам дека AI алатките ќе нѝ олеснат голем дел од обврските, но наша задача ќе биде специјализацијата за пишување prompts, и потоа будно да ги следиме, корегираме и имплементираме резултатите кои ќе бидат генерирани.
И за крај, како ти се држиш up-to-date со најновите трендови во дигиталниот маркетинг?
Следам што се случува најчесто преку експерти кои своите мислења ги споделуваат на LinkedIn, но и преку newsletters од компании кои ги сметам за forward thinking. Ако сум искрен, треба да почнам и со подкасти, но многу често целосно ми го обземаат вниманието и фокусот, па престанувам со работа наместо паралелно да слушам и работам 😅
Поради зголемениот интерес за Brainster+ Академијата за Дигитален Маркетинг, може да има органичен број на слободни места. Следи нѐ за да не го пропуштиш овој уписен рок.
Избери образование кое постојано ги подобрува своите програми и ја зголемува вработливоста на нашите студенти.