“Никогаш не е касно и тешко да направиш нешто ново во животот. Сè што ти треба е желба, волја и голема посветеност за да стигнеш до посакуваната цел.”- Ни кажа Христијан Волкановски – Кико, кој после завршување на Академијата за дигитален маркетинг се вработи во StartUp Macedonia.
Кико е наш алумни и еден од оние кои што се решија да направат кариерна трансформација и нов чекор во животот, запишувајќи се на Академијата за дигитален маркетинг.
„Сметам дека ова ново животно искуство ми е од голема корист, како на личен, така и на професионален план. Задоволството и учеството на оваа сеопфатна академија, ми помогна да направам голем чекор напред во животот и го препорачуваам на секој оној што планира да си го промени или збогати својот начин на живот. Да се врати времето, пак би го сторил истово!“
Главниот „виновник“ за самодовербата на Кико и неговата лесна и поедноставна адаптација на новата работна средина се образованието стекнато од Академијата и искуството добиено од работата на реални проекти.
„Една од најголемите мотивации ми се новите вештини во кои што сакам да се подобрам што е можно поскоро. Академијата ми отвори огромна палета на интереси за кои никогаш не ни очекував дека ќе ми бидат цел и предизвик во животот, како SEO анализите, Google Ads & Analytics, но решен сум континуирано да работам на нив додека не ги совладам. “
Тимот на инструктори на Академијата го опишуваат Кико како амбициозен, сериозен во работата и посветен на целите. Токму овие карактеристики се она што е потребно за успех во дигиталниот маркетинг. Тој посочува дека работата на Social media marketing, Digital PR, Google Analytics, Elementor, E-mail Marketing, Copywriting, Facebook Ads е нешто што го има најголемиот придонес при неговата кариерна трансформација.
Кога го прашавме како се снаоѓа како нов дигитален маркетер во StartUp Македонија, тој ни кажа: „Секогаш е убаво кога почнуваш нешто ново, посебно нешто што сакаш. Сепак секоја нова работа бара време за адаптација. Предизвикот од новите работни таскови, прекрасните колеги и дружбата, е тоа што ме освои! Стекнатата самодоверба ми го олеснува процесот на адаптација”.
„За време на ова кариерно „патување“ научив доста за филозофијата зад која стои дигиталниот маркетинг и за самиот себе. Дека за успех особено е важна динамиката на учење на секојдневни нови работи, комуникацијата и исполнувањето на предизвиците. Не постои тежок дел, сè зависи од волјата што ја поседуваш!“
Би сакале да ја завршиме оваа блог објава со честитики за Кико и да му посакаме многу успех во понатамошната кариера!
Доколку и ти сакаш да станеш иден дигитален маркетер, првиот чекор што треба да го направиш е да закажеш информативна средба со координаторот на нашата Академија за дигитален маркетинг и да дознаеш повеќе детали.
Сите студенти на Академијата, пред да започнат со програмата, имаат единствена можност да ја следат бесплатната подготвителна програма преку нашата платформа за учење.
Подготвителната програма би ти помогнала полесно да ги совладаш модулите и задачите со кои ќе се сретнеш на Академијата.
Погледни ја програмата на Академијата и закажи ја твојата информативна средба.