Илија Стојковски е алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг и еден од студентите кои покажаа најдобри перформанси во група 25. Иако Илија доаѓа од продажен сектор без претходно искуство во дигитален маркетинг, тој покажа исклучителна мотивација и желба за учење која на крајот е финализирана со вработување! По само неколку месеци од завршувањето на Академијата се вработи во американската компанија ResultStory.

 

Прочитајте повеќе за тоа како Илија за помалку од една година стигна до својот прв професионален договор во светот на дигиталниот маркетинг:

 

Илија, едно кратко интро за тебе би изгледало вака: 6 месеци напорна работа, многу труд и учење, работа на реални проекти и целосно совладана програма крунисана со вработување во ResultStory! Како би го опишал ти ова искуство?

Чиста 10ка! Напорни 6 месеци, почнав да осознавам цел нов свет којшто не знаев дека постои, но како поминуваше времето часовите стануваа поинтересни, теоретските предавања се претворија во пракса и целата наставна програма доби смисла. Секако по Академијата аплицирав на многу работни позиции поврзани со дигитален маркетинг, но лесно се справував со предизвиците кои ми ги поставуваа бидејќи бев самоуверен дека ги имам вистинските одговoри.

 

Како се појави желбата за промена на кариера од sales agent до дигитален маркетинг?

Се заситив од претходната работа и веќе не ми преставуваше предизвик, барав нова професија каде што ќе можам да се надградувам и да го проширам моето знаење. Сакав професија која нуди нови предизвици и секогаш ќе нуди нови можности и постојано учење на нови работи, професија која ќе ме натера да мислам дека сѐ уште не знам сѐ, туку има многу повеќе за учење.

 

Познато е дека програмата на Академијата е супер интензивна, но дали реално очекуваше толку брз напредок во дигиталниот маркетинг имајќи предвид дека немаше претходно искуство?

Не, ни на крај памет! Значи не станува збор за немање искуство во дигитален маркетинг, јас пред да се запишам на Академијата немав профил на ниту една социјална мрежа во последите 7 години! Меѓутоа, целосно се посветив на предавањата, верував во програмата на Академијата и сето тоа почна да ми буди интерес за продлабочување на знаењето во дигиталниот маркетинг, за да на крај резултира со промена на професијата.

 

Како ти е на новата работна позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа? 

Мојот работен ден, најчесто поминува во креирање и тестирање на различни маркетинг инки на различни канали. Потоа, се работи на оптимизација на тековните кампањи и следење на резултатите.

 

Три зборови кои те опишуваат или пак како би те опишале твоите колеги?

Аналитичен, упорен и љубопитен.

 

Кој модул ти претставуваше најголем предизвик?

Google Analytics, застрашувачка алатка која мислам дека ќе треба да ја изучувам уште долго време пред да ја разберам вистинската намена и употреба.

 

За време на Академијата, постојано работевте на реални проекти, како тие придонесоа да ги стекнете вештините кои се потребни за започнување кариера како маркетери?

Работата на реални проекти ми овозможи да научам што значи тимска работа, што сега како вработен во странска компанија со повеќе вработени ми е од огромно значење!

 

Според тебе што е потребно за успешно да се совладаат предизвиците што произлегуваат на оваа Академија?

Најдобра пракса за да се совладаат предизвиците и воедно да се излезе со најмногу знаење од оваа Академија е што повеќе да се комуницира со менторите т.е со предавачите. Бидејќи нивното искуство стекнато преку долгогодишното работење во областа на дигиталниот маркетинг е од непроценлниво значење за секој нов маркетер. 

 

За крај, што би им порачал на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

Јас не би дал моја препорака, но би го поставил ова прашање до сите што се двоумат: Дали работата којшто ја работиш сега те води кон животот што сакаш да го живееш? Без разлика на одговорот, фактот останува дека иднината е дигитална и колку порано го прифатиме тоа и се адаптираме, толку побрзо ќе бидеме успешни.

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирај веднаш и започни со учење во октомври!