Пред почетокот на новата година, сакаме со вас да ги споделиме 6-те најважни моменти што се случија оваа година на Академијата за дигитален маркетинг:

 

Рекорден број на запишани студенти

Побарувачката на пазарот порасна за дигиталните вештини и новата нормала е работата од дома, па затоа голем број студенти се решија да направат преквалификација и целосна дигитална трансформација. Оваа година на Академијата за дигитален маркетинг се запишаа рекорден број на студенти и тоа 230+ во 10 групи. Овие студенти напорно работеа и се трудеа пандемијата да не им застане на патот кон успехот туку решија да го искористат продуктивно времето поминато дома!

 

Успешна транзиција кон виртуелна училница

Поради настанатата ситуација со КОВИД кризата се создаде најголемото нарушување на образовните системи во историјата. Во многу земји ширум светот се затворија училиштата за формално и неформално образование. Но Brainster не застана пред овој предизвик, туку вложивме многу напор и труд да најдеме решение за да не се стопираат предавањата и процесот на едукација да продолжи континуирано. Успеавме да направиме успешна транзиција кон виртуелната училница и Академијата за дигитален маркетинг ја префрливме целосно онлајн без да го намалиме искуството и задоволството на студентите. Предавањата и часовите се одвиваа со нормален тек преку нашата платформа за учење. Само нашите студенти имаат пристап до платформата каде што им се достапни сите предавања и дополнителни материјали. Together we can make miracles happen!

 

Усовршување на програмата и воведување бесплатна предпрограма

На оваа Академија направивме се што можевме за да го подобриме искуството на нашите студенти. За прв пат ја воведовме бесплатната предпрограма каде што секој студент што решил да се запише на академијата, пред стартот на  редовните предавања ќе може да добие материјали и вежби за полесно да ги совлада предизвиците кои што го очекуваат на редовните предавања. Исто така ја усовршивме програмата за да одговара на сите студенти без разлика дали нивното знаење е почетничко или имаат претходно предзнаење.

 

Brainster marketing ScaleUP – Првата дигитална конференција само за нашите студенти

На 31 октомври 2020 ја организиравме првата конференција за дигитален маркетинг „Brainster marketing ScaleUP“! Целта на оваа конференција беше да придонесе за професионалниот развој на студентите и истотака да имаат можност да комуницираат со колеги, истомисленици и да учат од луѓето кои имаат поголемо искуство. На располагање на студентите им стоеа 3 професионалци со кои имаа директен контакт и можност да отворат дискусија. Како спикери се појавија: Patrick Collins кој што е ментор во Startup Wise Guys и основач на Prospect Labs, софтвер за генерирање на лидови преку LinkedIn, односно LinkedIn мастер! Тој ни зборуваше за „Генерирањето лидови преку LinkedIn”. Вториот спикер беше Roland Simon кој што има 15+ години искуство и е Amsterdam based специјалист за Brand Strategy и ментор во SwissEP кој што ни зборуваше „Како да направиме успешно брендирање“. И последниот спикер на оваа конференција беше Howard Kingston кој што е врвен growth hacker, консултант во Google и предавач во General Assembly, најголемата организација за неформално образование во светот. Тој ни ги сподели „Тајните на growth hacking-от“, а со тоа и ја затворивме оваа конференција.

 

Најголемиот хакатон во историјата  на Академијата

Студентите на Академијата за Дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн поделени во 13 групи, успешно го завршија својот прв хакатон, воедно и најголемиот хакатон на Академијата за дигитален маркетинг досега! Задачата на секој тим, беше да креираат целосен Brandbook за нашиот learning partner MyPrint, при што беше избрано едно победничко решение кое нетрпеливо чекаме да се реализира во 2021. 48 часа поминаа со напорна работа, учење и дружење давајќи едно незаборавно искуство на студентите. Работата на реалните проекти за реален клиент во координација со тимот, се одлична метода за надградување на вештините на секој студент. Преку нив, студентот има можност да го примени целото знаење стекнато на некоја од Академиите и да додаде уште еден проект во своето портфолио. Секој проект е приказна за себе, а работата на реален проект значи директно преточување на теоријата во пракса.

 

Успешно вработување на голем број студенти и нови learning&hiring партнери

Најголемиот приоритет на Brainster како компанија е вработување на своите студенти кои постигнале особен успех и вложиле многу напор и труд на часовите и проектите! Освен што им помагаме да ја постигнат дигиталната трансформација, се грижиме и за нивниот понатмошен развој. Горди сме што можеме да се пофалиме со студенти кои што чувствуваат страст кон тоа што го одбрале и целосно се посветуваат на материјата дур не ја совладаат. Со таа цел овозможивме и неколку нови learning&hiring партнери и да им помогнеме на студентите да ја добијат работата од соништата!



Доколку сакаш да си дел од Маркетинг заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!