Запознај го Владимир Трпковски – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за јули 2024.  

Мојата позадина е…

Се занимавам со музика 16години, свирам ударни инструменти, поточно перкусии. Димпломирав Џез Академија при „Универзитетот Гоце Делчев“ – Штип. Моментално сум генерален увозник за биокозметика во Македонија и управител на фирма која се занимава со трговија на мало и маркетинг услуги.

Областа ја избрав затоа што…

Пред да се запишам на академијата, креирав кампањи на социјални мрежи лично за себе, многу ме интересираше дизајн на веб-страни и апликации. Слободното време, желбата да научам нешто повеќе за дигиталниот маркетинг и стравот да не влезам во комфорт зона.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Големата посветеност, професионалниот пристап и позитивните критики/ коментари од страна на инструкторите ми дадоа голема самодоверба и ми разбудија љубопитност повеќе да истражувам и учам, со тоа стекнав голема дисциплина на работа.

Најгорд сум на…

Можам да го издвојам проектот за клиентот V1 Solution во модулот Digital Marketing Strategy со инструкторот Виктор Милевски, проектот од нашата група беше избран за победничко решение.

Мојот омилен модул е…

Сакам два модули да издвојам а тоа се: Digital Marketing Strategy затоа што работевме тимски, со многу практично-логички вежби, кои понатаму многу помагаат при креирање на маркетинг стратегија. Вториот модул е Lead Generation со инструкторот Давид Шојиќ. Преку него научив многу полесно да креирам лендинг страни во WordPress и Elementor и добив безрезервна поддршка од страна на инструкторот за време на учењето.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Сите инструктори се одлични, професионални, позитивни и несебично го пренесуваат своето знаење. Респект до сите.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Уште сум студент на академијата, но целта е сѐ уште иста, да го збогатам моето образование и да се стекнам со нови вештини од областа на дигиталниот маркетинг.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Бидете активни на часовите со прашања и дискусии, секоj проект за реален клиент гледајте го од аспект како за ваш продукт да работите, истражувајте и така подобро ќе научите и ќе стигнете до посакуваните резултати.    


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за дигитален маркетинг