Запознај го Томи Блажев – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за јуни 2024.
Мојата позадина е…
Професионален бартендер со 10 годишно искуство и завршени академии за бартендер, сомелиер и бариста. Се одлучив да направам кариерна промена па моментално ја завршувам академијата за дигитален маркетинг, а од септември почнувам со графички дизајн.Едноставно, сакам да ги поврзам моите идеи и креативност со овие две дисциплини, на најдобар можен начин.
Областа ја избрав затоа што…
Искрено, се одлучив за академиите за дигитален маркетинг и графички дизајн, за да излезам од комфорт зоната и пред сѐ да научам нови техники, да го надополнам моето знаење во оваа сфера. Сето ова,во предстојниот период ќе ми помогне да ја спојам мојата професија, мојата креативност и маркетинг вештините, кои ќе донесат повеќе од одлични резултати во промовирање себеси, како и во промовирање на брендот на кој долго време работам. Очекувајте нешто несекојдневно во блиска иднина !
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Без разлика каква ни е позадината, дали дојдовме да научиме или само да ги надополниме нашите знаења, потребно да сме упорни, константни, да веруваме во себе и целта која сакаме да ја постигнеме и најбитно да не се откажуваме!
Најгорд сум на…
Можам да кажам дека сум горд на самиот себе бидејќи во текот на модулите успеав да победам односно да понудам дури две победнички решенија на два реални проекти, за КиноМое и СКП Логистик. Другото достигнување што сум горд е затоа што успеав да се издвојам да сум во групата на топ 5 студенти на академијата.
Мојот омилен модул е…
Модулите Social Media Advertising со Марко, Google Advertising со Златко, Lead Generation и Landing Page со Вилијам и Давид, Copywritting со Трајко и сите останати, се модули кои ми помогнаа да ги усовршам маркетинг вештините од секој аспект. Ме научија да бидам аналитичен, решителен и тоа се модули што би ги гледал секој ден одново и одново.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Мојот одговор е СИТЕ. Сите инструктори се уникатни на свој начин и поради своето долгогодишно искуство во нивната професија, успеаа на еден интересен и несекојдневен начин несебично да ни го пренесат своето знаење. Голема благодарност до нив.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Од одговорните лица веќе добивме насоки, трикови и совети кој ќе ни помогнат на најдобар начин да го одбереме нашето работно место. Исто така, пред некое време беше организиран саем за вработување каде што имавме многубројни можности да се запознаеме со компаниите одблизу, со цел да ја донесеме најдобрата одлука.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Идните студенти од сѐ срце би ги советувал да бидат упорни, да не се плашат од непознато и да работат напорно! Вложете што е можно повеќе време и внимание доколку сакате да успеете во својата цел, истражувајте и максимално искористете ги можностите што ги нуди академијата.