Запознајте го Леон Најдовски – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец март 2022.

 

Име и презиме: Леон Најдовски

По професија: Пропали фудбалер 😆

Академија: Академија за Дигитален Маркетинг

Зошто баш дигитален маркетинг: Живееме во ера на дигитализација, каде што информациите се движат со огромна брзина. Со дигиталниот маркетинг имаме можност тој брз проток на информации да го искористиме во наша полза. А, воедно е голем предизвик и нуди одлични можности за развивање и напредок.

Што те мотивира постојано да учиш: People around me & Smart is the new sexy and intelligence is enormously powerful!

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Изминативе неколку месеци имаше доста што да се научи. Како најинтересни работи можам да ги издвојам: сегметирање и таргетирање во Social Media Advertising, барање на keywords и сетирање на кампањи на Google Ads.

Омилен модул и зошто: Немам еден, имам повеќе. Уште на самиот старт на Академијата кога ни ги презентираа модулите знаев дека Google Ads и Social Media Advertising најмногу ќе ми лежат. Најмногу се пронајдов во нив поради една едноставна причина – сакам да трошам пари, и тоа пари кои не се мои 🙂. Исто така, сакам да го издвојам и Marketing Strategy модулот, кој беше доста интересен и динамичен.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се со големо знаење и искуство во својата област. Сакам да изразам голема благодарност до нив за нивното неуморно и несебично пренесување на истото. Ако веќе морам да бирам би го издвоил Дарјан Раденковиќ, поради добрата интерпретација, динамиката на часовите и работењето на реални проекти.

За 5 години сакам да бидам: Сакам да стекнам доволно знаење и искуство, за да можам истото да го споделувам со луѓе кои сакаат да учат и напредуваат.

Хоби: Спорт 🏋️🏃

Омилена книга: “Moving forward sometimes requires you to take a step back“ – Onward by Howard Schultz

Омилен цитат: “Be brave enough to suck at something new!”

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!