Запознај ја Емилија Маринковска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец февруари 2024.
Име и презиме: Емилија Маринковска
По професија: Студент
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Зошто баш оваа област: Мојата креативност беше инспирација за оваа област. Уште од помали години го замислував дигиталниот маркетинг како моја идна професија.
Што те мотивира постојано да учиш: Мотивација ми се сите новости кои произлегуваат секојдневно со пораст на технологијата и ни дозволуваат да го запознаеме светот на покреативен начин.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересно што го научив се различните начини на истражување и колку информации можеш да добиеш за личност а ни самите да не го знаат тоа за себе.
Омилен модул и зошто: Омилен модул за сега ми е Digital marketing strategy со инструкторот Виктор Милевски.
Научив колку е важна групната сoработка, со различни идеи заедно ја гледаме и градиме иднината на продуктoт.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Искрено не можам да одвојам еден, бидејќи секој инструктор со себе носеше посебна енергија и знаење. Имам само пофални зборови за сите инструктори.
YOU ARE THE BEST!
За 5 години сакам да бидам: За 5 години од сега се гледам како успешна Content маркетерка, ако не развијам желба за друга област во наредните модули што ме очекуваат.
Хоби: Љубител сум на спортот, вежбањето и природата, а исто едно од бројните хобиња ми е истражувањето и сурфањето на интернет за различни новости од целиот свет.
Омилена книга: The subtle art of not giving a F*ck – Mark Manson
Омилен цитат: Someone else’s success, is not your failure. – Jim Parsons