Никола Поповски – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг

Запознај го Никола Поповски – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец август 2023.

 

Име и презиме: Никола Поповски

По професија: Магистриран правник со положен правосуден испит

Академија: Академија за дигитален маркетинг

Зошто баш оваа област: Веќе 3 години работам како freelance video editor и во тоа време имам завршено доста проекти кои спаѓаат во video marketing, дали се тоа видеа за мали или големи бизниси, видео игри и крипто проекти, но секогаш ме интересирало повеќе тоа што точно нуди дигиталниот маркетинг и како е да се работи како дигитален маркетер, со што и се одлучив за оваа област. Пред да почнам со Aкадемијата самостојно истражував преку онлајн курсеви, но верувам дека Brainster Aкадемијата ќе ме донесе на едно повисоко ниво во оваа професија.

Што те мотивира постојано да учиш: Интересниот модел на учењето на Aкадемијата, како и тимската работа на проектите кои ги работиме.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Техничкиот аспект на Aкадемијата, особено како да направиш сам landing page и како да работиш lead generation.

Омилен модул и зошто: Сè уште немаме стигнато до SEO, но верувам дека тоа ќе ми биде омилениот модул на оваа Aкадемија.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не можам да одберам омилен, но засега би ги издвоил Виктор и Ива, како врвни професионалци во својата област кои предавањата ни ги направија интересни преку соработка и реални проекти.

За 5 години сакам да бидам: Specialist по Google Ads и SEO Specialist.

Хоби: Video editing и одење на патување со мотор!

Омилена книга: The subtle art of not giving a f*ck“ од Mark Manson.

Омилен цитат: A ship is always safe at the shore, but that is not what it is built for!“

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!